X
 14.10.2018 Живот

Американски милионер во Хрватска ќе гради ресорт вреден 500 милиони долари - Еве како ќе изгледа

Американскиот претприемач Џеф Блекард на вториот Инвестициски форум за здравје и туризам за јадранскиот регион ја потврди намерата за на островот Пашман да изгради туристички центар, „Пашман ривиера“. Неговиот капацитет со хотели, апартмани, вили, плажи и останати содржини би требало да биде 4.000 кревети, а инвеститорот најавува вкупна инвестиција од 500 милиони долари.

-Ќе се обидеме да направиме автентична далматинска населба, во согласност со традицијата и околината што детално ги проучував. Во изградбата би користеле исклучиво домашни материјали. Работниците кои би работеле во населбата, таму и би живееле - вели Блекард.

Блекард изјави дека се заљубил во Хрватска иако никој од неговото семејство, ниту од семејството на неговата сопруга, не потекнува од оваа земја.

1
Фото: Pašman rivijera


-Инвестицијата бара многу. Но, идејата е богатите Американци да ги довеме во нашиот резорт во Пашман и мислам дека сме на вистинскиот пат - изјави тој, кој не сакаше да даде детали за моменталната ситуација за проектот. Но, од неговите соработници хрватските медиуми дознаваат дека американскиот инвеститор овие дена ќе разговара со властите на Задар за почетокот на реализирањето на проектот. Блекард треба да го претстави проектот на лидерите на локалната самоуправа на Пашман и во округот.

2
Фото: Pašman rivijera


Земјиштето на кое би требало да се гради резортот се протега на осум километри по должината на брегот. Станува збор за вкупно 260 хектари, од кои 100 би биле урбанизирани. Како дополнителна цел на проектот инвеститорот го наведува градењето на мостото што би ги поврзал североисточниот дел на Пашман со копното во близина на Биоград на Море. Мостот е вклучен во просторните планови, како и пристапниот пат до одморалиштето.

Понудата на Блекард е прифатена како единствена со задоволувачка содржина на натпреварот на општина Пашман, што се одржа пролетва. Според условите на натпреварот, инвеститорот треба да ја заврши населбата во наредните 5 години.

4
Фото: Pašman rivijera


Блекард не е единствениот Американец меѓу главните гости на форумот - меѓу нив беше и поранешниот американски сенатор Рик Санторум и Гентри Бич, инвеститор и член на финансискиот одбор на претседателската кампања на Доналд Трамп.

-Хрватска сé уште не е пријателска земја за бизнис. Затоа ме зачуди кога мојот пријател Џеф ја најави инвестицијата во Хрватска. Но, кога дојдов овде, го променив мислењето и се уверив дека Џеф има визија - изјави Бич.

4
Фото: Pašman rivijera

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот