X
 14.10.2018 Забава

Неодоливиот момент кога ќерката на Роби Вилијамс ја праша Сара Фергусон дали таа е кралицата

Стоејќи на скалите од капелата во Виндзор замокот, покрај девојчињата со цевќиња, принцезата Шаролт и Савана и Исла Филипс, Теди самоуверено ја запира мајката на невестата како што таа оди до нејзиниот автомобил. Се врти кон неа и смело ја прашува Сара Фергусон: -Дали сте вие кралицата?

Воодушевено од невиното прашање на Теди, Ферги брзо одговара: -Не, јас не сум кралицата.

Одлучена да ја открие кралската врска на Ферги, Теди повторно прашување: -Вие сте принцеза? - на што Ферги лесно одговара: -Да.

По краткиот и сладок разговор, Ферги се упати кон нејзиниот автомобил.

Јасно е, се гледа дека Теди ја наследила храбрата смисла за хумор од нејзиниот татко, Роби Вилијамс.

И додека Теди играла прилично важна улога во свадбата на принцезата Јуџин, 44-годишниот Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд, беа помеѓу 850-те гости на свадбата.

2
Фото: Getty Images

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава