X
 14.11.2017 Живот

Најплатениот атлетичар во историјата живеел во антички Рим

Платата на Кристијано Роналдо во 2017 година изнесува 93 милиони долари, па со тоа Роналдо е најплатениот спортист според магазинот „Форбс“. Втор на листата е кошаркарот Леброн Џејмс со заработка од 86,2 милиони долари, а на третата позиција е славниот Лионел Меси со заработка од 80 милиони долари. Сепак, ниту еден од овие тројца неверојатни спортисти, според заработката, не може да се спореди со најплатениот атлетичар на сите времиња – римскиот возач на кочија Гаиус Апулеиус Диоклес, кој бил платен 15 милијарди долари во својот живот.

Историчарот Питер Т. Страк вели дека Диоклес живеел од 104 до 146 година пр.н.е. и заработил 35.863.120 римски пари во својот живот, а тоа е еднакво на 15 милијарди долари во денешно време. Бројката е впишана во споменик во Рим, кој е подигнат за Диоклес од своите обожаватели пред крајот на неговата кариера, која траела 24 години.

Најпознатите трки се случувале во „Циркус Максимус“, спортска арена во Рим. Возачите обично биле од пониската социјална класа и биле распределувани во тимови. Секој тим имал своја боја (Црвени, Сини, Бели и Зелени). Диоклес најголемиот дел од кариерата бил со Црвените.

Трката почнувала кога императорот ќе ја пуштел својата салфетка, а завршувала после 7 круга. Првите тројца добивале награди.

Диоклес носел кожен шлем, заштитник за градите, дрес, штит и камшик. Од вкупно 4.257 трки со 4 коњи во кои се натпреварувал, Диоклес победил во 1.462. Во други 1.438 трки бил втор.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот