X
 14.11.2018 Култура

Писмото на Џорџ Р. Р. Мартин од 1963 година до Стен Ли

Писмото прикажува две работи. Џорџ Рејмонд Ричард Мартин, познат како Џорџ Р. Р. Мартин, имал фантазија и талент за пишување уште кога бил млад. Децении пред да го напише романот „Песна за мраз и оган“, што Ејч-би-о го адаптира во „Игра на троновите“, 15-годишниот Џорџ Мартин им испратил писмо на Стен Ли и Џек Кирби, легендарните креатори на Спајдермен, Хулк, Тор Ексмен и Фантастичната четворка (наречена „F.F“ во писмото).



Кога ќе го прочитате писмото, веднаш можете да забележите дека младиот Мартин обожавал научна фантастика и научнофантастична литература. Исто така, 15-годишниот Мартин умеел да напише сложени реченици во текот на неговите тинејџерски години - реченици што многу возрасни денес не би можеле да ги напишат. Подолу можете да го прочитате писмото на Мартин од 1963 година. Стен Ли му напишал краток одговор: - Можеби ќе сакаме да се откажеме додека напредуваме. Фала ти за убавите зборови, Џорџ.



Драги Стен и Џек,

„Фантастична четворка“ #17 беше повеќе од одличен. Дури и сега седам воодушевен од него, обидувајќи се да го направам невозможното - а тоа е да го опишам. Беше апсолутно фантастичен, краен, најголем! Не можам да сфатам како успеавте да соберете толку многу акција во толку малку страници. Ќе живее засекогаш како еден од најдобрите стрипови за „Фантастична четворка“ некогаш испечатен, според тоа, еден од најголемите од сите стрипови. Во кој друг стрип ќе видите работи како што се херој кој паѓа од шахта, хероина која ги измешала креаторот на играчки со криминалец, и претседателот на САД како ја напушта конференцијата што може да ја одреди судбината на светот за да ѝ посака добра ноќ на ќерка си. Епската приказна, спектакуларна и возбудлива, не е она што го прави стрипот толку добар. И писмото-колумна е врвно. За малку ќе умрев кога го видов писмото на Пол Гамбачини. Навистина направивте да го промени неговото размислување; писмото беше многу поразлично од она што беше испечатено во #9. Тука е и вашата насловна - НАЈДОБРИОТ МАГАЗИН ЗА СТРИПОВИ ВО СВЕТОТ! Брилијантно! Кога започнавте, бевте најлошиот магазин, но си поставивте себеси идеал, и го постигнавте. И повеќе од тоа - дури и да бевте половина добри отколку што сте сега, и понатаму ќе бевте најдобриот магазин во светот!!!

Џорџ Р. Мартин
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура