X
 14.12.2022 Култура

Интересни факти што веројатно не ги знаете за „Сам дома 2: изгубен во Њујорк“

„Сам дома 2: изгубен во Њујорк“ е класичен божиќен филм. Меѓутоа, дури и најголемите обожаватели можеби не ги знаат овие факти.

Братот на Меколи Калкин се појавува во филмот

Киран Калкин се појавува во „Сам дома“ и во неговото продолжение. Иако тој е брат на главниот актер Меколи Калкин, во филмовите тој го игра Фулер, неговиот братучед.


Многу сцени навистина биле снимени во „Плаза“

Хотелот „Плаза“ е една од главните локации во филмот бидејќи Кевин одлучува да престојува таму кога ќе се најде сам во Њујорк. Многу хотелски сцени навистина биле снимени во популарниот хотел.

Доналд Трамп е во филмот

Доналд Трамп накратко се појавува во филмот. Тој му дава насоки на Кевин за да стигне до лобито во хотелот. Во 2021 била покрената петиција да се отстрани делот со Трамп од филмот, а на Калкин му се допаднала идејата.


Режисерот Крис Колумбус открил во 2020 година дека Трамп го условил да се појави во филмот за да снимаат во хотелот „Плаза“, иако веќе било платено за тоа.

„Плаза“ има специјален пакет „Сам дома 2“ за гостите

Хотелот нуди специјален пакет за обожавателите на филмот дури 30 години по неговото снимање. Пакетот вклучува возење со лимузина на познати локации од филмот, голема пица со кашкавал и сладолед како оној што го јаде Кевин.

Режисерот се појавува во филмот

Режисерот Крис Колумбус се појавува во филмот. Тој се наоѓа пред продавницата за играчки во која влегува Кевин.


Продуцентите создале уште еден црно-бел филм за продолжението

Во првиот дел Кевин гледа црно-бел филм кој всушност не постои и бил создаден само за филмот. Во вториот дел продуцентите повторно снимиле црно-бели сцени кои се прикажани во филмот.


Џо Пески навистина се изгорел во една од сцените

Џо Пески, кој во филмот го игра Хери, еден од разбојниците од кои се брани Кевин, неодамна открил дека за време на снимањето навистина ја изгорел главата откако неговата капа се запалила.


Има и видеоигра инспирирана од филмот

Во 1992 година била објавена и видеоигра инспирирана од продолжението на филмот. Во неа Кевин се обидува да избега од разбојниците и хотелскиот персонал.

Извор: Insider
Насловна фотографија: 20th Century Studios
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура