X
 03.01.2015 Забава

Дали станува збор за вистинска фотографија?

Прашањето кое го покренува оваа фотографија е: „Како овие траги од гуми успеале да поминат преку столбот?“

 

foto


Еден корисник на Reddit ја ставил оваа фотографија која била направена во Одеса. Фотографијата прикажува траги од возило во снег кои изгледа како да поминале низ знак.

Постот на корисникот беше преплавен со стотици коментари за тоа како би можело да се случи. Меѓутоа, корисникот „brookstaylorh“ тврди дека фотографијата е вистинска и не е направена на фотошоп.

„Фотографијата беше направена во Одеса, Тексас, место кое не добива многу често снег, такашто возилата и не се баш подгтовени за снег. Знам дека сите ќе се сомневаат, меѓутоа ова е вистинска фотографија - единствено што ме интересира е како се случило ова нешто. Мислев дека знакот бил ставен откако поминало возилото, меѓутоа тоа се чини малку необично“.

 

2


Некои од корисниците велат дека станува збор за „дело“ на две возила.

„Трагите од гумите се од камионот кој го ставил знакот. Знакот бил поставен од работник од самиот камион. Доколку погледнете подобро можете да забележите каде камионот застанал за момент за работникот да го стави знакот во земјата“, вели еден од корисниците. Која е вашата теорија?
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава