X
 07.01.2015 Живот

Во борба против целодневната зимска темнина - Светлосна терапија за шведските ученици

Доколку жителите на Умеа, Шведска се нервозни и уморни во текот на зимата, тогаш простено им е затоа што во просек, градот добива 0.8 часа сончева светлина секој ден во текот на декември. Доколку некои денови се врнежливи, тие се без воопшто сончева светлина.

 

1


Но, локалната енергетска компанија „Umea Energi“ нуди одлично решение за овој зимски проблем. Компанијата обезбеди 140 светилки за светлосна терапија во Драгонсколан училиштето бидејќи учениците се склони кон исцрпеност и умореност во текот на попладневните часови. Енергијата за светилките, кои се ставени во училниците и кафетеријата на училиштето, доаѓа од соларна енергија која била складирана во лтениот период. (Изминатава година, Умеа имала 915 часови сончева светлина меѓу јуни и август, што го прави еден од најсончевите градови во Шведска).

„Имавме вишок на соларна електрична енергија па си помисливме, зошто да не им овозможиме на учениците светлина?“, вели Агнета Филн, маркетинг директор на компанијата.

 

1


Еден од учениците вели дека досега, не почувствувал голема разлика, меѓутоа се надева дека наскоро ќе се забележат позитивни промени затоа што зимскиот период и темнината ја исцрпува енергијата од него.

„Инсталирани се само една недела, меѓутоа сигурен сум дека ќе забележиме и ќе почувствуваме промена за брзо време“, вели тој. „Со нормална светилка лесно е да се умориш и да заспиеш, меѓутоа со овие новите се чини како да си надвор на сончева светлина“, додава тој.

Ова е втор обид на компанијата да ги расположи жителите на градот за време на зимата. Во 2012 година, енергетската компанија инсталира надземни светилки на 30 автобуски станици.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот