X
 08.01.2015 Образование

Најдобрите градови за студентите во 2015 година

Последните неколку години расти бројот на македонските студенти кои студираат во странство преку одредени програми за размена. Доколку и вие размислувате за студирање во странство, ви нудиме листа на најдобрите студентски градови во 2015 година.

 

град


Критериумите се градот да има минимално 250.000 жители и да има барем две институции на листата на „QS World University Rankings“.

10. Сеул (Јужна Кореја) - Главниот град на Јужна Кореја има дури 14 универзитети на споменатата листа, меѓу кои најдобар рејтинг има Националниот Универзитет Сеул.

9. Торонто (Канада) - Најголемиот канадски град има најдобро рангиран универзитет од оваа земја според „QS World University Rankings“.

8. Монтреал (Канада) - Познат и како „културниот центар на Канада“ Монтреал има најдобро рангиран универзитет.

7. Токио (Јапонија) - Иако има десет универзитети на споменатата листа, има најмал број на студенти во вкупната популација на градот.

6. Бостон (Америка) - Иако Институтот за технологија во Масачусетс и Харвард се во Кембриџ, односно околината на Бостон, сепак Бостон се најде на високо место на оваа листа. Она што влијаело да не биде повисоко рангиран се високите цени за школарина на тамошните универзитети.

5. Хонг Конг (Хонг Конг) - Еден од најгусто населените градови во светот, има три високо позиционирани универзитети. Причината поради која не е на повисока позиција е тоа што е висока киријата, но превозот и храната се евтини.

4. Сиднеј (Австралија) - Најголемиот австралиски град се најде на четвртата позиција. Има пет универзитети на светската ранг листа и разновидна мрежа на студентски заедници.

3. Лондон (Анлгија) - Со 18 универзитети на ранг листата на „QS“ меѓу кои UCL, Империјал, KCL и LSE би било изненадување Лондон да не е високо рангиран на оваа листа.

2. Мелбурн (Австралија) - Уште еден австралиски град се најде меѓу топ 10-те. Маани за студентите се високите цени за школарина за странските студенти како и скапите трошоци за живот.

1. Париз (Франција) - Три години со ред, Париз е најдобриот студентски град. Француската метропола има 17 универзитети на листата на „QS World University Rankings“, и секако релативно ниските цени за школарина.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование