X
 09.01.2015 Технологија

Бесплатни апликации за "Линкедин" кои треба да ги знаете

Доколку го читате ова, веројатно веќе имате профил на „Линкедин“, најпопуларната социјална мрежа за професионалци. Не е важно дали ви се допаѓа мрежата или ја мразите, секој кој што сака да биде успешен во денешната работа би требало да биде дел од неа. За да ни помогнат со користење на мрежата, „Хонгкиат“ составија листа од апликации кои може да се најдат во и надвор од „Линкедин“, а може да ни помогнат со уредувањето на профилот на мрежата и искористувањето на нејзините поволности.


„Resume Builder“

Апликацијата го претвора профилот на „Линкедин“ во професионално резиме за неколку секунди.

„INstant Search“

Апликацијата ќе ви помогне да ги пронајдете профилите на корисниците кои веројатно ги знаете во вистинскиот живот.

„Advanced Search“

За оние кои сакаат да ги прошират моменталните мрежи, а бараат нешто поспецифично, ова е апликацијата со која се добива токму тоа.

„Job Search“

Ова е апликација од „Линкедин“ со која корисниците добиваат известувања за нови работни позиции и слично.

„SlinkyApp“

Апликацијата ќе ви помогне да создадете и уредите текстови за пораки и воведи кога комуницирате на „Линкедин“.

„Connected“

Апликацијата ви помага да ги задржите врските во мрежата кои веќе ги имате со тоа што ве известува за битните настани од нивниот живот.

„BlinkChat“

Доколку барате начин за испраќање пораки до контактите на „Линкедин“, не барајте повеќе. Оваа апликација дозволува испраќање онлајн и офлајн пораки.

„ThinkerTen“

Апликацијата ги анализира податоците од вашата мрежа за да дознаете дали имате квалитетни врски или треба да ја проширувате мрежата.

„SlideShare Presentations“

Гледајте презентации, видеа и други визуелни содржини за речиси секоја тема.

„Pulse“

Доколку користите „Линкедин“ од компјутер ќе забележите дека апликацијата веќе е дел од вашиот профил. Слично како претходната апликација, оваа ќе го зголеми вашето знаење со текстови и статии.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија