X
 12.01.2015 Колумни

Изборот

    “-Да се врти од околу или не?” е прашањето кое си го поставувам секогаш кога се обидувам да разберам нешто што неможам да го видам, а знам дека постои. Знам дека од една страна, денов е прекрасен а и животов е прекраток за да го поминам во “вртење од околу”, но од друга страна општопознат е фактот дека почетокот од секоја година (па и оваа) е период на вртење (погачи, волани, девојки, колено, канали на ТВ во залудна потрага по нешто добро и/ли паметно). Значи вртење.


    Ќе почнам со нешто за кое имам барем 2 пати помислено да пишувам во последниве 2 години: трендови. Зошто ги креираме? Зошто ги следиме?

    -Пу*ки. Многу пу*ки! И без тоа се шо прајме, прајме за пу*ка. Се се врте окол’ тоа..а шо, нели е т’ка?!

    Вака директно, без ниедно вланко на јазикот, на 02.01. ми одговори еден мој добар пријател на моите искрени желби за успех во Новава година. Искрено, неговата искреност ме трогна.

    -Така е.-неможев а да не се согласам.

    А и сигурен сум дека и ти, кој го читаш ова, се согласуваш дека светов се врти околу три нешта: Сонцето, својата замислена оска и секс. Многу секс. Секаде и секогаш. Секс – утрински, пред или веднаш по работа. Секс - маратонски или набрзинка. Секс – по навика или “вансериски”. Секс – на плочките во кујна или купатило. Секс – на кревет или тепих. Секс – на предно или задно седиште од кола. Секс – кој е причина за почеток или крај на една војна, на секоја војна – небитно дали станува збор за војна меѓу држави со милиони жители или најобична брачна заедница. Секс..

    Пред работите да станат повулгарни и повлажни одошто веќе се, да се навратиме на трендовите. Што се уствари трендовите? Трендовите се непишани правила на однесување и облекување кои важат во одреден (и вообичаено) краток временски период и кои мал дел од групата (не)свесно ги наметнува врз целата група. Ова би можело да се земе како вистинска дефиниција, но во реалноста секој тренд е тајна и тивка војна која ја води секој против секого. Во продолжение еден практичен пример за како ова функционира во пракса и на кој начин истото е, исто како и се друго, поврзано со сексот.

    Замисли дека си дел од една мала група од 1000 луѓе. Групата е рамномерно поделена , 50%-50% што значи дека 500 од овие луѓе се мажи, а остатокот се жени. 1 или максимум 2% од овие 500 мажи се алфјаци. Значи овие 5 до 10 мажи се посакувани од страна на сите 500 жени и вообичаено прават р’шум и неможат да дигнат глава од дупење. Остатокот, од околу 490-495 мажи (бетјаци, делташи, омегаши итд) им преостанува да се задоволат со она што ќе остане незадоволено од страна на алфјаците (јебига..па не се постигнува бе брат!). Е сега, да претпоставиме дека си дел од овие 490-495 мажи. Ти се дупи – ти се плаче. Но знаеш дека ако заплачеш тоа само дополнително ќе те турне подолу на листата на потенцијални јебачи. Затоа наместо да плачеш, почнуваш да размислуваш: “што ги прави алфите алфи?” и без да бидеш свесен, имитирајќи го однесувањето на алфјаците, креираш нов тренд. Забележуваш дека се повеќе ти се насмевнува среќата и дека се почесто гo “омрсуваш мачорот”. Но исто така конташ и дека и останатите 489 мажи исто така ја пробиле шифрата и научиле да летаат испод радар. Набргу алфјаците забележуваат дека некој им го ебе пазарот и дека имаат се помалку опции за празнење на вишакот тестостерон и започнуваат со размислување како да ги вратат работите во нормала и под контрола. Затоа истите вметнуваат нови параметри во равенката, се менуваат правилата на играта и целиот процес започнува одново (како партија “Не лути се човече”). Тие ја повраќаат својата доминантна позиција, а тебе, доколку пак сакаш да влезеш во “Дизниленд” ти преостанува да размислуваш како повторно да го дисбалансираш балансот кој дефинитивно не ти одговара.

    Ова е нешто што ни се случува со години, илјадници ако не и милиони години наназад и ни од далеку не е лошо. Алфјаците отсекогаш (можеби не секогаш, но во најголем дел од случаите) биле мажи кои покрај вишак тестостерон имале и имаат доста висок коефициент на интелигенција. Поради тоа, копирањето на нивното однесување несвесно ја туркало напред целата група а со тоа и целото човештво.
    Вистинскиот проблем денес е што алфјаците не се повеќе оние кои ги диктираат правилата и ја водат играта. Главни играчи се познавачите на човековата психологија кои свесно манипулираат со сите нас и не водат да се однесуваме на оној или овој начин, а се со цел да остварат профит. Свесно и преку сите можни медиуми се турка трендот ЈЕС (јади-еби-спиј) и како секрет од дишните патишта (народски кажано шљајм) се елимира потребата да се размислува. Убедени сме дека свесно одиме напред и се издигнуваме се повисоко и повисоко, но потполно сме несвесни дека од ден на ден сме се поназад и дека тонеме се подлабоко и подлабоко во празен и бездушен хедонистички анимализам.

    -И шо ти беше поентата сеа?-сигурен сум дека би ме запрашал некој.

    -Поентите се бројни. Но една е особено битна и како таква се издвојува и наметнува над другите.-би одговорил јас.

    -Не те разбирам..?!-би се обидел да добие поконкретен одговор поставувачот на прашањето поставено неколку реда погоре.

    -Поентата е да го користиш умот и да почнеш да размислуваш. Умот и неговото постојано и правилно користење е она кое не постави на врвот на синџирот на исхрана и не направи Богови во очите на другите животни. Богови, смешно глупави Богови кои се способни да поразат се и секој но не и својата безгранична и бесмислена лакомост.–би одговорил, брзо би се поздравил и би заминал.


    P.S. И покрај тоа што текстов го напишав без многу мислење, она што го прочитав барајќи некоја печатна грешка ме поттикна да размислувам, а искрено се надевам и тебе. И прибидејќи ова е слободна и демократска земја во која секој има право, по пат на фер и демократски избори, да го избере тоа што мисли дека му одговара најмногу (вклучувајќи го овде и насловот на овој текст) јас избирам овде текстов конечно да заврши.. Ебати изборот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Колумни