X
 13.01.2015 Технологија

Револуционерниот уред кој никогаш не стигна до народот

Во 1972 година, двајца научници возбудено го објавиле развивањето на нова технологија која, според „Њујорк тајмс“, предизвикала сензација во издавачките кругови. Било предвидено дека оваа технологија ќе го промени начинот на издавање на книгите.



Магичната технологија била нов вид микрофилм. Уредите ја освоиле издавачката индустрија и го промениле начинот на кој ги читаме информациите во раните 1970-ти.

Микрофилмот бил создаден од Аднан Вали и Џорџ Јевик. Тој чувал 625 страници текст на еден лист и мжел да прикажува страници на преносен уред. Машината наликувала на денешните електронски читачи, а работел на батерија.

Прикачувањето на парчињата микрофилм барало фотографирање на страниците со илјадници мали леќи, а доколку тој би стигнал до пазарот, секој лист од него би чинел приближно 25 центи.

Инвеститорите замислиле автомати сместени насекаде ширум планетата кои би продавале книги за читање на овој мал читач. Иноваторите се надевале дека тој ќе стане „технологија на луѓето“ поради ниската цена и ефективноста.

Микрофилмот и читачот за него никогаш не стигнале до пазарот, а изумот се изгубил од насловниците речиси веднаш откако се појавил.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија