X
 14.01.2015 Образование

Политичарите кои се еднаква закана за слободниот говор како и тероризмот

Во неделата, 3,7 милиони луѓе се собраа ширум Франција за да им оддадат почит на убиените изминатата недела во нападот на „Шарли Ебдо“ и настаните кои следуваа. Поголемиот дел од овие луе излегоа на улиците за да покажат дека се подготвени да ја бранат слободата на говор против тероризмот.


Помеѓу овие милиони луѓе се најдоа и некои лидери на држави. Но, новинарите сметаат дека ова нивно појавување не е ништо повеќе од бесплатен маркетинг за нив. Впрочем, тие се наведени како поголема закана од терористите од страна на некои новинарски агенции.

Вака изгледа листата на убијци:

Премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Камерон

Во 2013 година, британскиот премиер се закани со употреба на законодавни мерки против весниците кои ја објавија информацијата за Едвард Сноуден.

Премиерот на Израел, Небџамин Нетанјаху

Во јули „Reporters Without Borders“ ја објави веста за таканареченото „намерно следење“ на новинари следено со апсења од страна на одбранбените сили на премиерот во конфликтот со Газа во 2014 година. Следниот месец, новинарот Рами Рајан од Палестина беше пронајден мртов.

Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу

Турција затворила повеќе новинари од било која друга нација во светот во 2012 и 2013 година. Кина го презема тронот изминатата година. Премиерот на Турција моментално е на суд со речиси 70 новинари кои работеле на случај со корупција.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас

Мамду Хамамрех, кој работи за палестинска телевизиска станица, се пошегувал на „Фејсбук“ дека претседателот наликува на актер кој глумел шпион во популарна емисија. Тој бил затворен за тоа. Инаку, тие навистина личат.


Крал Абдула Втори од Јордан

Изминатата година, Мудар Захан бил затворен и осуден на 15 години за јавно критикување на државата.

Шеик Мухамед бин Хамад бин Калифа Ал Тани од Катар

Во 2011 година, катарскиот поет Мухамед ал-Аџами бил уапсен и осуден на доживотен затвор за пишување песна која, наводно, го навредувала шеикот. Неговата казна подоцна била скратена на 15 години.

Полската премиерка Ева Копач

Полските полицајци ја нападнале канцеларијата на списанието кое тајно го снимало разговорот помеѓу двајца политичари изминатата година.

Грчкиот ремиер Антонис Самарас

Фотоновинарката Татјана Болари била претепана од страна на полицијата за време на протест во Атина изминатата година, иако таа носела знак дека е новинар.

Египетскиот министер за надворешни работи

Самех Шукри Двајца новинари биле осудени на седум години затвор, а еден на десет години затвор откако известувале за отстранувањето на египетскиот претседател и последователните протести.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Русија ја забрани пропагандата за ЛГБТ во 2013. Изминатата година, полицијата уапси новинар за вршење интервју со активист за независност на Сибир.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование