X
 18.01.2015 Култура

Како младите го менуваат начинот на работа во светот?

Младите сè почесто работат на повеќе места истовремено и не сметаат дека имаат само едно работно место, ниту планираат да имаат. Тоа е точно барем во САД, но со ширењето на „фриленсингот“, се чини дека ниту ние не заостануваме многу.



Овој тренд го менува работното место во целиот свет. Вработените повеќе не се „заробени“ во канцеларија, на еден уред и една работа. Работата од далечина е популарна и кај повозрасните. Од 2005 година, работата од далечина се зголемила за 80%. Луѓето повеќе не работат во истото време.

Жителите на модерните земји сè почесто работат ноќе. Освен тоа, се работи на повеќе задачи истовремено. Денес, 35% од младите во САД имаат сопствен бизнис настрана од работата. Со ваквата работна околина, поголемиот дел од младите денес не планираат да имаат иста работа повеќе од три години.

Работната околина се менува. Светот се менува.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура