X
 19.01.2015 Образование

Што се случува кога едно училиште ќе ја отстрани класичната домашна работа?

Училиштето може да биде напорно. Еден училишен директор сакал да види што ќе се случи доколку внесе промена во своето училиште. Се работи за само една промена.


Грег Грин е директор во средното училиште „Клинтондејл“ 12 години. Тој знаел дека училиштето има проблем. Само 63% од училиштето се запишувале на факултет, а 35% не го завршувале средното образование. Институцијата била оценета како една од најлошите во Мичиген.

Грин добил необична идеја. Освен директор, тој е и тренер. За да го искористи најмногу времето на своите играчи, тој правел видеа кои тие ги гледале дома за да може да видат што грешат и како може да се поправат. Тој забележал дека играчите ги поправале грешките по гледањето на видеата.

Тој се запрашал: „Што доколку и академските часови функционираа на истиот начин?“   Децата би се подготвувале претходно со гледање видеа дома или во училишната библиотека, а потоа да вежбаат на часовите со помошта на наставниците и професорите.

„Клинтондејл“ започнал со примена на „обратно“ учење. До 2011 година, училиштето го применило методот на сите предмети. Откажувањето од училиштето се намалило на 10%, а дури 80% од учениците се запишувале на факултет. Промената се забележала за само две години.



Најважно е како се чувствуваат средношколците.

- Порано мислев дека сум помалку интелигентна кога не можев да ја напишам домашната задача. Откако дојдов овде, сè беше сосема различно.

Успехот на училиштето го привлекло вниманието на останатите училишта ширум земјата, со 48% од нив менувајќи ги методите до 2012 година, а 78% до 2014 година.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование