X
 20.01.2015 Технологија

Планот на Елон Маск за вселенски интернет

Елон Маск не мечтае скромно. Тоа веќе ни е јасно, со оглед на големиот број изуми кои се поврзуваат со неговото име. Меѓутоа, неговиот најнов изум веројатно ќе вклучува покривање на целата Земја и цел Марс со прекривка од интернет.


Имено, неодамна се појавија гласини дека Елон Маск ќе го искористи „Спејс-Екс“ за да стави сателити за интернет во орбитата, но сега тој го потврди ова. „Бизнисвик“ ги има сите детали. Некои се очекувани, некои не.

Пред сè, Маск ќе користи повеќе стотици (околу 700) мали сателити за да ја прекрие Земјата со интернет. Со помали сателити лоцирани поблизу до Земјата, Маск смета дека ќе ја реализира идејата поевтино и ќе обезбеди побрз сателитски интернет од сегашниот.

Маск сака и да создаде колонија на Марс. Тоа веќе е познато, а секако, не би била вистинска колонија доколку се нема интернет. Големиот број сателити може да помогнат овде.

Нема дефинитивен план за овој дел од проектот на Маск, но 50-60 вработени ќе започнат да работат на идејата во текот на следните неколку години.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија