X
 22.01.2015 Култура

Најсреќните професии за кои не е потребна факултетска диплома

Факултетската диплома може да ви ги зголеми шансите за заработување на повеќе пари, но не значи дека ќе бидете среќни со работата што ја имате.

 

работно


„CareerBliss“ состави листа врз основа на мислењата на експертите доставени меѓу октомври 2013 и октомври 2014 година. Работниците ги оценувале нивните работни места врз основа на 10 фактори кои влијаат на среќата, на скала од 1 до 5: односот со својот шеф; односот со колегите; работното опкружување, работните ресурси; надоместок; можност за напредување; културата на компанијата; дневните задачи и надзорот над работата на дневна база.

Преку комбинција на овие бројќи „CareerBliss“ доби просечна оценка за целокупната среќа на секое работно место, па на тој начин ги ротирал резултатите по барање на образование за да ги утврди најсреќните работни места кои не бараат факултетска диплома.

Интересно, работата на претприемач се појави на врвот на листата.

„Голем дел од основачите на најуспешните фирми немаат факултетска диплома, меѓутоа пронајдоа среќа и успех. Голем дел од нашите корисници на „CareerBliss“ имаат работа која ги покрива нивните сметки, а ја поминуваат ноќта и викендите за создавање на сопствена фирма за дополнително да заработат пари, правејќи нешто што ги усреќува“, вели претставничка на „CareerBliss“.

Ова се професиите кои немаат факултетска диплома, а сепак работниците се среќни.

- Претприемач
- „WordPress“ програмер
- Раководител на бизнис развој
- Претставник на услуги за клиентите
- Видео монтажер
- Фотограф
- Менаџер на социјални медиуми
- Техничар за поправка на уреди
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура