X
 26.01.2015 Живот

Нестабилно со врнежи од дожд и снег но и постудено



Во понеделник во западните предели ќе биде претежно облачно со слаби врнежи од дожд и снег, а на повисоките места над 800 метри надморска висина само од снег.

Во останатите предели ќе биде умерено облачно со кратки сончеви периоди но и нестабилно со услови за слаби врнежи од дожд и снег над 800 метри.

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од -4°C до 3°C, а максималните температури ќе достигнат од -1°C до 9°C.

Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно и нестабилно со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 0°C, а максималната дневна до 5°C.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот