X
 27.01.2015 Образование

Европските земји каде се добредојдени странски студенти

Студирањето надвор од земјата станува се попристапно. Годишно, милиони студенти се одлучуваат за заминат на студентски престој во друга земја. Сепак, студирањето надвор останува ризик. Потребни се пари за кои никогаш нема да се има гаранција дека ќе бидат вратени. „Migreat“ направи листа од најдобри европски земји за меѓународни студенти.


Германија

Германија активно бара меѓународни студенти за следната академска година. Студирањето овде е речиси бесплатно на државните универзитети, право на работа со половина работно време, останување по дипломирањето за работа и отворени работни места за странци.


Франција

Франција е популарно место за студентите, но треба да знаете дека Французите се пребирливи кога се работи за примањето на универзитетите. Меѓутоа, образованието се цени во земјата, а Франција е посебно добра за создавање експерти од областа на физиката, инженерството, методиката, лингвистиката, уметноста, историјата и медицината. Годишната школарина изнесува од 200 до 700 евра, во зависност од курсот. Наоѓањето работа не е толку лесно поради големата стапка на невработеност.


Италија

Италија треба да биде вашиот избор доколку сте заинтересирани во историја, уметност и живеење во уникатна култура. За студирање овде најчесто е потребно знаење на италијанскиот јазик. Просечната школарина изнесува од 850 до 1000 евра годишно. Се дозволува работа за време на студии, а во земјата може да се остане на работа по магистрирањето.


Шпанија

Земјата стана собирно место на студенти од неодамна. Познавањето шпански јазик ќе ви олесни многу доколку планирате да студирате овде. Студирањето е скапо. Школарините почнуваат од 5.500 евра за семестар. Може да се работи за време на студирањето. Шпанските универзитети се најпознати по програмите за општествени науки.


Велика Британија

Репутацијата на британските универзитети останува една од главните причини за големиот број странски студенти во оваа земја. Меѓутоа, неодамнешните промени во барањата за виза го отежнуваат процесот на преселување овде. Предност е англискиот јазик, но школарините се огромни (од 10.000 фунти нагоре). Но, се доделуваат и многу стипендии. Работата се наоѓа лесно по дипломирањето.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование