X
 27.01.2015 Технологија

Потребни апликации за заштита на приватноста на Вашиот телефон

Постојат основни работи што можете да ги направите за да ги заштитите вашите податоци и вашиот телефон, како на пример одбегнување на јавни Wi-Fi мрежи, овозможување на алатки како „Find my phone“ и секако, добра лозинка.

 

апликации


И iOS и Android платформите нудат опции за исклучување на „location services“ такашто апликациите не можат да ги следат вашите координатите. Меѓутоа, во ерата на сајбер напади од одметнати хакери, како и владини шпиони, не е страшна идејата да го вооружите вашиот телефон со апликации кои ќе ви обезбедат шифрирана комуникација, анонимно пребарување и заштита од кражби. Ви ги нудиме најдобрите.

TextSecure (Android)

 

1


„TextSecure“ како што вели и самото име, ги обезбедува вашите пораки. Апликацијата може да дејствува како целосна замена за вашата стандардна апликација за пишување пораки или може да биде самостојна. Кога им пишувате на другите корисници, вашите пораки автоматски се шифрираат, меѓутоа и двата корисници кои си испраќаат пораки треба да имаат „TextSecure“ за да имаат корист од шифрираните пораки.

Оваа апликација нуди два начини: Таа може да се справи со сите ваши текстуални пораки или може да се користи само за текстовите меѓу „TextSecure“ корисниците. На тој начин сите пораки ќе ви бидат складирани во вашиот телефон и ќе бидат зачувани со лозинка па доколку некогаш го изгубите или ви го украдат телефонот, вашите пораки нема да бидат достапни.

RedPhone/Signal (Android/iOS)

 

2


RedPhone или неговиот еквивалент за iOS платформа, Signal, произлегува од создавачите на TextSecure и може да се пофали со иста леснотија на користење, која не може да се пронајде во апликациите за шифрирање. Она што го прави TextSecure за вашите пораки, овие апликации го прават за телефонските повици. Едноставно инсталирајте ги апликациите и јавете му се на пријател кој исто така има една од апликациите, па така вашиот повик автоматски ќе биде шифриран.

Доколку сте загрижени затоа што не знаете кој од вашите пријател ги има апликациите, програмерите мислеле и на тоа. Кога за прв пат ќе ја инсталирате апликацијата, ќе ви биде побарано да го регистрирате телефонот во базата на податоци. На тој начин, кога ќе ја отворите вашата апликација, веднаш ќе видете кој од вашиот именик ги користи апликациите.

ChatSecure (Android/iOS)

 

3


ChatSecure исто така е дело на „The Guardian project“, истите луѓе кои го создадоа Orweb. ChatSecure се грижи за вашите пораки на социјалните мрежи и Фејсбук разговорите. Преку користење на оваа апликација, ќе бидете побезбедни во разговорите со вашите пријатели на Фејсбук.

Prey (сите платформи)

 

4


Prey се смета како алатка против кражба. Доколку некогаш го изгубите или ви го украдат телефонот, вашиот онлајн Prey профил ќе ви овозможи да го следите вашиот телефон со помош на GPS. Исто така, профилот ќе ви овозможи да го заклучите телефонот, да пуштите аларм и да прикажете порака на телефонот за да ја прочита оној којшто гледа во него. Додека вашиот телефон недостасува, Prey ќе ви испраќа извештаи на меил на секои пет минути, во кои се вклучени локацијата на вашиот телефон и фотографиите направени со камерата, со што ќе ви помогне да дознаете каде е и кој го зел.

Доколку се оди по ѓаволите, Prey исто така има нуклеарна безбедносна опција. Можете да го избришите вашиот телефон, такашто оној кој го украл нема да може да влезе во вашите лични датотеки. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија