X
 28.01.2015 Технологија

Глобални технолошки конференции кои се очекуваат годинава

Инспирацијата нема да биде проблем оваа година бидејќи ќе се има доволно можности за поттикнување на иновативното размислување. Малку се работите кои може да го постигнат тој ефект освен присуствувањето на голем настан на кој може да се учи и запознава големи генијалци од областа. Следнава година, ширум светот ќе се одржат повеќе конференции од областа на технологијата. „The next web“ ги одбираат највредните десет на кои може да присуствуваме.


Lift Conference“, 4-6 февруари во Женева

Откријте што значи да се излезе од типичната конферециска сала и да се биде активен.

Недела на програмери, 6-12 февруари во Сан Франциско

Неделата ќе вклучи повеќе од 60 настани, на кои ќе бидат претставени нови технологии и ќе бидат одржани работилници.

Code/Media“, 17-18 февруари, Дана Поинт, Калифорнија

Ова е местото каде се спојуваат медиумите и технологијата.

Недела на социјални мрежи, 23-27 февруари, повеќе градови низ светот

Лично уверете се како социјалните мрежи и технологијата го менуваат светот.

Mobile World Congress“, 2-5 март, Барселона

Конференцијата се фокусира на мобилната технологија и нејзиниот напредок.

The Next Web Conference: Europe“, 23-24 април, Амстердам

На конференцијата ќе присуствува уникатна мешавина од гости кои ќе одржат говори и ќе понудат уникатни можности за учење и напредок.

99U Conference“, 30 април - 1 мај, Њујорк

Една работа е да имате идеја, но друга е да ја спроведете. На оваа конференција целта е токму таа: спроведување на брилијантни идеи.

TechCrunch Disrupt NY“, 4-6 мај, Њујорк

Учествувајте на „хакатонот“ или гледајте како 20 компании продаваат производи и се натпреваруваат за главната награда.

Brainstorm Tech 2015“, 13-15 јули, Аспен

Замислете ја оваа конференција како пазар за нови идеи. Освен тоа, некои од најумните лидери ќе бидат присутни.

Web Summit“, зима 2015, Даблин

Се работи за меѓународен настан познат по одличните говорници и инспиративните гости.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија