X
 28.01.2015 Живот

Македонија на удар на нов циклон. Какво време не очекува до крајот на работната недела?

Во среда во Македонија ќе биде претежно облачно. Услови за слаби локални врнежи од снег ќе има во западните и југозападните предели.Во вечерните часови постојат услови врнежите да се прошират и во централните и јужните предели.

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од -5°C до 3°C, а максималните температури ќе достигнат до -1°C односно до 7°C.

Во четврток во утринските часови ќе има услови за појава на магла која понекаде ќе се задржи и претпладне.

Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели слаб јужен и југозападен ветер. Во вечерните часови ветерот ќе се засилува.

Утринските температури од -6°C до 1°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 1°C односно до 10°C.

Петок носи промена на врменската состојба. Македонија ќе биде под влијание на нова циклонска активност која ќе услови поинтензивни врнежи од дожд, силен ветер и пад на воздушниот притисок. На планините над 1100 метри со врнежи од снег.



Локално се очекуваат да наврнат и до 30 литри дожд.

Врнежите ќе бидат проследени со силен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува силен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 60 км/ч.

Утринските температури од -2°C до 5°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 2°C односно до 11°C.

Weather4all.com.mk
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот