X
 29.01.2015 Култура

Напредните идеи измислени од злобните империии

Очигледно е дека древните цивилизации биле многу понапредни од некои земји денес.

 

5. Нацистите се бореле против пушењето

 

1


Сосема е јасно дека апсолутно ништо убаво не може да се каже за Хитлер и неговите луѓе и тука нема ни малку дилема. Но, постои една ситница која покажува дека сепак направиле нешто добро, а тоа е борбата против цигарите.

Иако Хилтер за време на младоста пушел многу, успеал да ги остави цигарите и сфатил дека пушењето не е здрава навика. А кога германските научници за прв пат ја откриле врската меѓу белите дробови и пушењето, Фирерот започнал голема кампања против употребата на цигарите. Всушност, ова била првата кампања против цигарите во светот. И тоа многу успешна.

 

2


Секако, пораката во рекламите била дека на тој начин ќе се зачува чистотата на ариевската раса. Сепак, она што е важно е дека оваа кампања за прв пат јавно ги прикажа здравствените ризици кои ги носи пушењето. Тие дури и забраниле бонови за тутун на бремените жени.

Исто така, Нацистите биле првите луѓе кои сфатиле дека постои пасивно пушење, па го забраниле во канцелариите, училиштата и јавниот превоз. Забраниле и рекламирање на цигари уште од 1941 година. Да речеме половина век пред останатиот дел од светот.

4. Ацтеките и децата

 

2


Пред да дојде Кортез заедно со неговата екипа, и пред да убие, ограби и уништи се` што може, со Јужна Америка владееле Ацтеките - особено со територијата на денешно Мексико. Нивната империја се протегала низ целиот континент, од Мексиканскиот Залив па се` до Пацификот, а главниот град имал 200.000 жители.

За жак, голема улога во нивната цивилизација имала религијата. Токму поради тоа тие пиеле крв од бебиња, а во ритуали сурово ги убивале девиците и децата и кој ке стигнеле за да им се умилкуваат на боговите. Тие биле прилично сурово општество.

Но, не било се` баш така црно. Децата кои имале доволно среќа да го избегнат жртвувањето, имале бројни поволности. Тие имале бесплатно и задолжително образование, а за разлика од другите цивилизации, тие работеле за образованието на момчињата, но и на девојчињата, што било неверојатно револуционерно. Кога завршувале основно образование, тие можеле да изберат да учат земјоделие, медицина или уметност.

На училиште учеле и како се убиваат луѓе, како се вади срцето во ритуал и како се пие крв.

3. Монголската орда и феминизмот

 

4


Монголите во еден момент во историјата биле толку значаен фактор што 13-от и 14-от век често се нарекува доба на Монголите. Да, цели два векои палеле и жареле во Евроазија. Буквално!

Ни бе било баш убаво време. Се смета дека Монголите се виновни за смртта на 30 до 100 милиони луѓе во Азија, Европа и Блискиот Исток. Ваквиот масакр може да се спореди само со Втората светска војна. Всушност, лесно можело да се случи цела Европа да стане монголска колонија. А сето тоа би оставило последици кои не можеме ни да ги замислиме.

Но, и покрај сето тоа, во ордите имало почит и кон правата на жените. Мајката на Џингис Кан била една од неговите главни советници, а неговите сопруги му помогнале да избере наследник. Една од главните причини зошто монголската армија била толку моќна било тоа што жените ги презеле важните задачи дома, додека мажите си играле војна.

Монголките можеле да поседуваат имот, да бараат развод и алиментација. Исто така, тие можеле да одат во војска. Останатиот дел од светот вакво ниво на еднаквост ќе постигне, па да речеме, овие денови...

2. Акадијска империја и права на малцинствата

 

2


Од сите злобни империи, веројатно најмалку позната е Акадиската. Но, таа е доста важна. Еве зошто. Околу 2.600 години п.н.е на територијата на денешен Ирак се наоѓал градот Акад. Еден од многуте во тоа време. Тогаш еден човек Саргон го измислил концептот на освојување. Човекот прв се сетил дека може да нападне друг град, да го освои и да победи. Практично го измислил концептот за злобна империја.

Но, Акадијците измислите уште нешто. Почитување на различноста и малцинските права. Дотогаш, постоело непријателство на Блискиот Исток меѓу племињата и градовите. Но, Саргон морал да владее со голема империја па своите претставници ги испраќал до одредени региони и градови кадешто тие ја учеле локалната култура и ги совладувале локалните обиачи.

Не било необично локалните лидери да се искачат на општествената скала и да станат дел од владејачката структура во Акад. Што значи овој град-држава бил првата мулти-етничка креација во нашата историја.

1. Персијците измислиле модерна држава

 

1


Се сеќавате на филмот 300? Во него е одлично прикажан персискиот крал Ксеркс. Добро, можеби е малку пренагласено, но јасно се прикажува суровоста на освојувачите.

Сами можете да забележите дека не постои успех без добра организација. А тие знаеле и тоа како да се организираат. Толку добро што некои идеи и понатаму се користат во модерните држави. Тие изградиле одлични патишта, имале моќна поштенска услуга, практично прва во светот позади која стоела држава.

Всушност се` создал Дариј, таткото на Ксерекс со огромна реформа на владејачката стуркутра. Човекот сфатил дека централната власт не е доволно ефикасна, па затоа измислил локална самоуправа, што денес е главниот концепт во модерната демократија. А владеењето се базирало на доверба. Вистината била доста значајна во оваа култура и се сметало дека сите ќе се придржуваат до правилата и ќе одлучуваат во согласност со нив. Што и било така.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура