X
 02.02.2015 Економија

Финансиски совети од најголемите експерти

Дали некогаш сте посакале да го имате размислувањето на најпаметните финансиски експерти? Доколку е така, ви ги нудиме одговорите на некои од најдобрите совети од уште подобрите финансиски експерти.

 

совети


Прашањето на кое ти одговорија е: „Кој би бил еден совет кој би му го дале на некој кој сака да ја подобри својата финансиска судбина?“

„Прво плати си себеси - автоматски штеди пари во одделна штедна сметка“ - Фили Тејлор, PT Money

„Пронајди начин со кој ќе се мотивираш себеси за да ги подобриш твоите финасии. Пронајди го оној „оган“ во твојот стомак, со кој природно ќе смислуваш начини за поблиску да стигнеш до твојата цел, без разлика дали станува збор за излегување од долг, заштеда или градење на богатство“ - Дејвид Нин, Мoney Ning

„Следи, следи и следи! Знаењето точно каде ти одат парите е моќна алатка за подобрување на твоите финансиИ“ - Глен Крег, Free From Broke

„Преземи одговорност за твоите кредити и отстрани ги. Создај буџет, намали ги трошоците за да бидат под твоите примања. Исто така, треба да присвоиш едно правило со кое ќе одржуваш баланс од зголемување: Ако не можеш да си дозволиш нешто до моментот кога сметката од кредитната картичка пристигне, тогаш навистина не треба да го купиш“ - Гајити Парк, Money Crashers

„Направи си сопствен буџет и држи се до него“ - Стејси Мајерс, Stacy Makes Cents

„Планирај за својата иднина и биди подготвен за предизвици по пат со заштеда за пензија и заштеда за итни случаи“ - Кели Волен, The Centsible Life

„Сфати ја својата можност за пари и време. Овој баланс е клучот за да се биде среќен и да се нема долгови“ - Мајкл Гордон, The Simple Dollar

„Вистинскиот финансиски успех е поврзан со поголемата заработка и помалите трошоци, а не едно или друго“ - Џереми Бибердорф, Modest Money

„Ако сакаш да го подобриш твојот финансиски живот, тогаш започни да следиш каде одат твоите пари. Не можеш да го промениш она што не го знаеш, такашто следењето на трошоците ќе ти помогне да видиш што треба да промениШ“ - Џон Шмол, Frugal Rules

„Најдобрата работа која некој може да направи е да започне да ја следи неговата нето вредност. Ако не знаеш каде се твоите пари, како можеш да го следиш твојот напредок“ - Џеј Мани, Budgets are sexy
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија