X
 02.02.2015 Живот

Искуство на македонски студент: Живот и работа во најубавиот национален парк

Многу млади од Македонија мечтаат да ги посетат и работат во големите Американски градови – Њу Јорк , Мајами , Чикаго, Бостон , Лос Анџелес .... Но да се најде студент на кој 3 лета поминал во најголемиот и најубав Национален парk во Америка , претставува изненадување . 



Од оваа причина за нас интересно беше да ги пренесеме импресиите што Стефаниа Макаровска ( студент на Економскиот Факултет во Скопје ) ги има од ова уникатно место.



Фото галерија од "Амерканскиот сон" на Стефаниа Макаровска

Ф : „ Како се одлучи да аплицираш преку програмата W&T America – и зашто го избра Yellowstone ? – ја прашавме Стефаниа .

СМ: „Јас пред се премногу ја сакам природата и животните и тоа беше основна причина да аплицирам за овој национален парк. Работата ја добив преку Коузон и заминав пред 4 години за прв пат и сега живеам да одам и предстојното лето во Yellowstone “ – изјавува Стефанија и додава „нема зборови со кои може да се опише убавината на тој национален парк. Верувајте ми Yellowstone не е само парк, Yellowstone е парк кој има и нешто што го нема никаде на светов, гејзерите. Јас ја имав таа ретка можност да го посетам најголемиот Grand Prismatic кој има големина на езеро од 90 метри широчина и 50 метри длабочина. Температурата во овој гејзер е околу 70 С. Ерупциите кои се случуваат во овој гејзер се нешто што неможете да го замислите доколку не го видите со сопствените очи “ – изјавува Стефаниа, видно возбудена од емоциите кои и се враќаат со самото спомнување на овој гејзер. – „Покрај гејзерите овој национален парк изобилува со прекрасни езера, водопади и планински патеки по кои се движат милионите туристи кои го посетуваат„.

Ф: „ Кажа дека сакаш животни, дали тоа значи дека имаше можност да ги видиш во нивна придордна средина како се шетаат и дали можеш да им пријдеш “

СМ: „ Животните во паркот се слободни и можеш да ги видиш скоро насекаде. Мене лично најмногу впечаток ми оставија елените и бизоните. Но во Yellowstone има и мечки, лисици, зајаци , диви кози и уште многу, многу други видови на птици “ – вели Стефаниа. “За мене исто така представуваше задоволство можноста да јавам коњи кои во овој парк ги има доста и се некоја форма на превозно сретство кога се органзираат екскурзиите низ паркот“.



Ф: „ Што работеше во овој парк “

СМ: „Првата година од мојот престој во Yellowstone работев како помошник келнер. Втората и третата година добив унапредување и бев келнер. Тие што биле во Америка, знаат дека келнерите заработуваат многу, многу повеќе од останатите работни позици. Работев во преубавиот Yellowstone Resort – изјави Стефаниа. „ Презадоволна сум од условите на сместување и целиот престој таму. Сместувањето и храната се скоро бесплатни, ако се спореди колку плаќаат студентите кои работат на Источниот брег.

Ф: „Како влијаеше на тебе Америка и можноста да работиш со Американци ? “

СМ : „ Америка ме промени и ми отвори нови погледи на светот . Лично сменив некои навики кои порано ми беа слабост така што сега имам поголема самостојност и спремност да се справам со големи предизвици, стекнав извонредни работни навики и мислам дека имам друг поглед кон мојата иднина. Од другите привилегии би ги издвоила; пријатели од цел свет , запознав прекрасни млади од сите континенти и тоа што прошетав низ цела Америка. “ додава Стефаниа .



Ф:„ Впечаток е дека студентите не сакаат да се впуштаат во непознато и дека се плашат да се вклучат во W&T Програмата. Што би им препорачала ти ?

СМ: „ Амо мислат така, можам да кажам дека страшно грешат. Она што може да го видиш и постигнеш во Америка, мислам дека нема да можеш да го имаш на ниту едно друго место во светов. Впрочем јас сум вистински пример за тоа. Во Америка остварив многу мои соништа и како што Американците велат – го живеев Американскиот сон, работев но и уживав „ – емотивно се искажа Стефаниа .

„ Им препорачувам , без никакво двоумење да аплицираат, да заминат во Америка. Ќе ги вратат сите инвестирани пари, ќе заработат уште толку, ќе прошетаат но и ќе се вратат со 2-3 куфери со брендирани парчиња гардероба.“ препорачува Стефаниа.

Коментар на се што е кажано од нејзе, не е потребен. Фотографиите од паркот не мотивираат и нас да аплицираме и да заминеме во Америка. Секако после овој разговор нашиот сон ќе биде да го посетиме Yellowstone .

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот