X
 02.02.2015 Настани

Млади и неафирмирани бендови од регионот ќе имаат можност да снимаат во професионални студија!

Платформата “Converse Rubber Tracks” ги повикува младите бендови од Македонија 06.02.2015 во кафулето Соулматик (14:30-16:30).


Програмата Converse Rubber Tracks настана од желбата на брендот Converse да и подари на музичката заедница од Балканот проект преку кој талентирани уметници ќе можат креативно да се изразуваат.

Благодарение на Converse Rubber Tracks, бројни млади неафирмирани бендови и поединци ширум регионот имаа можност да присуствуваат на забавни и едукативни работилници кои на различни теми ги држеа најеминентните домашни музичари и продуценти.

Работилницата во Скопје, десетта по ред во регионот, ќе се одржи на 06.02.2015 година во кафулето Соулматик (14:30-16:30).

Темата е „ Создади и снимај! “ и ќе се зборува за начините и можностите кои младите артисти треба да ги искористат за да постигнат успех. Предавач на работилницата ќе биде Петар Младеновски од Суперхикс, кој вели:

„Ако мене ме прашувате Converse Rubber Tracks работилницата и конкурсот е шанса која се јавува само еднаш во животот за сите млади бендови кои творат во Македонија! Кога велам млади бендови не мислам само на бендови кои постојат од скоро туку и на оние кои со години нешто работат и се обидуваат да отидат ниво повисоко! Во деведесеттите кога ние тргнувавме со проби и настапи беше СФ ваков момент... Момент да посетиш ваква работилница, учествуваш на конкурс со твоја тема и можност подоцна да снимаш во професионално студио во Војводина под надзор на продуценти и професионалци од Њуjорк..! Искористете го тоа момци и девојки! Бидете храбри и упорни и учествувајте! Вреди!“

По одржувањето на работилниците, Converse Rubber Tracks ќе отвори конкурс за пријавување на бендови, кој ќе биде од 1 до 29 март. Сите заинтересирани бендови, без разлика на жанрот, ќе може да се пријават со пополнување на апликација на веб страната converse.rs.

Потоа следува период на online гласање, кое ќе биде од 23 март до 4 април. Гласањето на фановите ќе овозможи да се направи селекција од 15 бендови. Потоа, со помош на стручно жири ќе бидат избрани 7 бендови, кои ќе добијат прилика да снимаат во професионални студија во Србија, под будното око на домашни и странски продуценти кои доаѓаат од Њујорк и Бруклин.

Изведувачите ќе поминат доволно време за создавање нов материјал, а потоа комплетно ги задржуваат правата врз својата музика.

Converse Rubber Tracks натпреварите до сега се одржани во САД, Бразил, Шпанија, Германија и Холандија. Converse Rubber Tracks им даде можност на повеќе од 500 музичари да го искусат единственото доживување да снимаат во врвни професионални студија со тим од искусни продуценти, без трошоци.

Преку Converse Rubber Tracks, брендот Converse им се заблагодарува на креативните млади луѓе ширум светот за промовирање на брендот во својата 105 годишна историја.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани