X
 03.02.2015 Образование

Соопштение за сите студенти на кои им се доделува стипендија

Резултати од конкурсите за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии за студиската 2014/2015 година




Министерството за образование и наука им соопштува на сите студенти, на кои им се доделува стипендијата дека потребно е да достават три пополнети копии од Договорот и тоа:


-       договор за стипендија Прва група

-       договор за стипендија Втора група

-       договор за Трета група

-       договор за информатичари

и читлива  копија од денарска трансакциска сметка на име на студентот (резидентна сметка).  

Горенаведените документи да се достават по пошта најдоцна до 28.02.2015година на адреса: Министерството за образование и наука, Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје, со назнака на пликот “Договор за студентскистипендии- Вид на стипендии”.

Министерството за образование и наука ги информира сите кандидати (вклучувајќи ги и тие што добиле стипендија, како и тие што не добиле стипендија) дека за одлуката на Комисијата дополнително ќе бидат известени и на домашна адреса.

За подетални информации може да се обратите на тел. 02-3140-147, Билјана Штергиска и Рахиме Мемеди.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование