X
 03.02.2015 Култура

Зошто Саудиска Арабија е наречена токму така? Откаде доаѓа името "Америка"?

Зошто Саудиска Арабија е наречена токму така? Откаде доаѓа името „Америка“? Излегува дека некои земји се именувани според луѓе.


САД (Соединети Американски Држави) - Америго Веспучи

Името „Америка“ потекнува од Америго Веспучи, италијански истражувач кој со своите патувања сфатил дека посетува нов континент, не Индија, како што се сметал. Мартин Валдсемилер, германски картограф кој ја направил првата мапа од новиот свет во 1507 го нарекол „Америка“ по Веспучи.

Доминиканска република - Свети Доминик

Откако Колумбо именувал остров кога пристигнал во Америка, неговиот брат, Бартоломеј Колумбо, открил колонија и ја нарекол Санто Доминго по свети Доминик.

Сент Винцент и Гренадини - Свети Винцент

Иако Свети Винцент била британска и француска колонија низ историјата, Колумбо е оној кој го дал името според светец од Шпанија, додека Гренадини е именувано по кралството Гренада во Шпанија.

Света Луција - Света Луција

Не е јасно кој го дал името, но најверојатно се работи за французин кој се преселил таму кој го именувал островот според света Луција, чуварот на слепите.

Свети Кристофер и Невис - Свети Кристофер

Свети Кристофер бил именуван од страна на Колумбо. Невис доаѓа од шпанскиот збор за снег. Колумбо мислел дека облаците на врвот на планините на островот изгледаат како снег.

Тринидад и Тобаго - Светото Тројство

Тринидад, исто така, е изум на Колумбо, а се однесува на „la Trinidad“ - христијанското свето тројство. Тобаго доаѓа од шпанскиот збор за тутун.

Ел Салвадор - Исус Христос

Буквално преведено, името значи спасителот - Исус Христос.

Колумбија - Кристофер Колумбо

Очигледно, Колумбија е именувана според Колумбо, но не поради тоа што мислите. Франциско де Миранда, револуционер кој сакал да ја направи Јужна Америка шпанска колонија го искористил називот „Колумбија“ како термин за таканаречената Шпанска Америка. Откако Шпанците биле поразени, името започнало да се однесува само на новата земја, Колумбија.

Боливија - Симон Боливар

Земјата го носи името Боливија според револуционерен генерал со име Симон Боливар, иако тој не се согласувал. Самиот тој сакал да ја зачува земјата и ја нарекол Горно Перу, како дел од Перу. Во 1825 година била изгласана независност и новата земја била наречена Боливија да го намалат личното омаловажување на Боливар.

Саудиска Арабија - Куќата на Сауд

Куќата на Сауд била мало политичко семејство во 18-от век кој до раниот 20-ти век станала доминантна сила на Арапскиот полуостров. Во 1932 година, кога била основана земјата, лидерите одлучиле да ја именуваат новата земја по себеси.

Сан Марино - Свети Марин

Сан Марино е именувана според својот основоположник, Марин Далматинецот, кој подоцна бил признаен како светец. Имено, тој ја основал европската држава во 301 година како место за религиска слобода. Сан Марино и денес се нарекува најстара република во светот.

Сао Томе и Принсипе - Свети Тома

Сао Томе е именуван од португалските морепловци Педро Ескобар и Џао де Сандарем. Двајцата стигнале до островот во 1470 година и го именувале според свети Тома.

Маврициус - принц Мавриц од Насау

Во 1598 година, Холанѓаните го освоиле островот и го нарекле по свој вешт генерал од Холандија.

Филипини - Филип Втори од Шпанија

Филипини имал повеќе имиња низ историјата, но денешното постои од 1543 година. Едно патување од Руј Лопез де Вилалобос го донело до овде. Тој ги нарекол двата островои Лас Филипинас по принцот Филип од Шпанија.

Соломони - Крал Соломон

Соломонските островои биле населени со милениуми, откако Европејците ги откриле, се сметало дека таму се наоѓале легендарните златни рудници на кралот Соломон. Тоа го дало денешното име.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура