X
 05.02.2015 Технологија

Најголемите заблуди во врска со компјутерите и мобилните телефони

Дали сте слушнале дека компјутерите Mac не можат да се заразат со вируси или дека мобилниот телефон треба да се наполни тогаш кога батеријата е целосно празна?

 

технологија


Откријте ја вистината позади овие технолошки митови.

1. Mac компјутерите не можат да бидат заразени со вируси


Тврдењето дека вирусите вообичаени за PC компјутерите не можат да ги заразат Mac компјутерите пристигнуваат и од самиот Apple, меѓутоа овој мит беше демантиран со случување од 2012 година кога вирус „тројанец“ нападна околу илјада компјутери на Apple.

2. Инкогнито сурфањето значи анонимно сурфање


Многу луѓе мислат дека инкогнито сурфањето на Chrome или Private на сафари го сокриваат идентитетот односно IP адресата, меѓутоа ова е погрешно. Ваквиот вид на сурфање значи дека пребарувачот нема да ги запомни страните кои претходно сте ги пребарувале и на вашиот компјутер нема да ги сними таканаречените колачиња.

3. Предолгото полнење ја уништува батеријата


Повеќето луѓе навечер го приклучуваат мобилниот телефон во полначот и го исклучуваат наутро, иако тој се наполнал претходно. Понекогаш се зборува дека тоа ја уништува батеријата но за ваквите тврдења не постојат докази. Всушност, модерните батерии се доволно паметни да знаат кога се наполнети иако се приклучени на полнач, такашто едноставно престануваат да се полнат.

4. Компјутерот не треба да се исклучува секој ден

Ова не само што не е вистина, туку е сосема спротивно - компјутерот треба да се исклучува секој ден. Кога е исклучен, деловите од компјутерот не се преоптеретуваат со што тој ќе трае подолго.

5. Мобилниот телефон треба да се наполни кога е целосно празен

Уште една заблуда која не само што не е точна туку и целосно спротивна - ако го полните и кога батеријата не е целосно празна, ќе го продолжите нејзиниот век на траење.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија