X
 08.02.2015 Култура

Чудото старо 2.000 години на кое му се заканува уништување од човекот

Луѓето од племето Ифугао ги обликувале планините во работлива земја најмалку две илјади години. Овие оризови тераси се наоѓаат на планините Кордилера на северот на Филипини. УНЕСКО ги додаде овие тераси на својата листа со зачувани места во 1995 година.


За жал, природните катастрофи и тајфуните кои го напаѓаат Филипини се закануваат да ги уништат терасите. А, најголема закана претставуваат промените во човековото општество. Технолошките и еволуционерни промени може да ја уништат хармонијата помеѓу природата и човекот чиј резултат се терасите.

Младите луѓе од племето се преселуваат во градовите кадешто може да најдат подобро платени работи кои од нив бараат помалку физички труд. Во меѓувреме, регионот кој порано бил изолиран сега се поврзува со големи инвестиции во инфраструктурата. Во следните две години, владата на Филипини планира да потроши приближно 25 милиони долари за изградба на пат и подобрување во регионот.

Целта на овој владин проект е да се привлечат повеќе туристи кои ќе донесат повеќе пари. Во 2013 година, терасите биле посетени од 1,1 милион луѓе. Во иднина се очекуваат 10 милиони посети годишно. Но, доаѓањето на туристите може драматично да ја уништи природата во регионот.

Ова место заслужува да биде зачувано и за следните генерации.

Повеќе прекрасни фотографии од ова чудо во ГАЛЕРИЈАТА.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура