X
 08.02.2015 Образование

Студентите од Мјанмар на масовен протест против владата

Студентите во Мјанмар имаат многу заеднички работи со студентите овде. Имено, и тие се соочени со нов закон за високо образование кој ја ограничува академската слобода. Студентите протестираат, а сега ја имаат и поддршката на Европската студентска унија.


Новиот закон предложен од владата на Мјанмар ја напаѓа академската слобода бидејќи става граници на формирањето студентски и професорски унии и ги прави курикулумите строги. Студентите во Мјанмар излегоа на улиците за да протестираат против тие планови и ги претставија своите барања од владата.

Барањата на студентите се поврзани со во полза на образовни реформи. Професорските и студентски претставници треба да имаат право да учествуваат во сите нови закони и правила кои се донесуваат во образованието. Постоењето на студентски и професорски унии треба да биде дозволено и легално.

Потоа, треба да бидат донесени нови методи на предавање и педагогија која поттикнува независно размислување. Основните права на слобода на изразување треба да бидат почитувани. Студентите кои биле избркани од универзитетите поради политички активизам треба да бидат вратени во клупите. Владата треба да инвестира повеќе во образованието. Правата на студентите низ целиот свет ги вклучуваат правата за пристап и учество во квалитетно образование. Според тоа, студентите имаат право да се организираат во унии и да не страдаат поради таквите активности.

„Се надеваме дека владата на Мјанмар ќе дејствува наскоро. Мора да се започне процес на преговарање каде ќе бидат вклучени претставници на студентите“, изјави претседателот на Европската студентска унија, Елизабет Герке.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование