X
 11.02.2015 Култура

Отворена новата зграда на "Ендава" која ќе вработи нови 400 луѓе

Денес беше отворена новата зграда на ИТ-компанијата „Ендава“ која ќе отвори речиси 400 нови работни места во земјава.


Официјалното отворање на канцелариите на „Ендава“ најави нови вработувања и подобрувања во индустријата. Компанијата е една од најбрзо растечките компании од ИТ-секторот во Европа. 

Со канцеларии во Лондон, Романија, Молдавија, САД и Германија, приватната компанија во текот на 2013 и 2014 година остварила приход од 86 милиони евра. Помеѓу 1.800-те вработени во целиот свет, 36 работат во Скопје, но тоа е само почеток, како што најави извршниот директор Џон Котерел. Имено, тој ги изрази намерите за развиток во земјава и најави нови 400 вработувања во следните неколку години. 

„Кажете им на сите дека вработуваме“, изјави тој. 

На отворањето присуствуваше и премиерот на Република Македонија, г-он Никола Груевски, кој ги поздрави вработените и извршните лица од „Ендава“. 

Новите канцеларии беа отворени за разгледување од страна на сите посетители и новинарите.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура