X
 12.02.2015 Образование

МОН со предлог датум за прва средба со работните групи

Министерството за образование и наука ја поздравува одлуката за формирање на работна група од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, како значаен исчекор во процесот на реализација на постигнатиот договор од одржаната средба на ден 6.2.2015 година, помеѓу претставниците на Владата на Република Македонија и универзитетскиот Сенат, кој следи по усвојувањето на Законот за високото образование и Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишно, основно и средно образование на седницата на Собранието на Република Македонија одржана на 11.2.2015 година.

Цениме дека е од исклучително значење дискусијата помеѓу работните групи на двете страни, во насока на унапредување на пакетот реформи во високото образование со цел подигнување на стандардите за квалитет, да започне во најскоро време.

Во таа насока, ја прифаќаме иницијативата и предлагаме првата средба на работните групи да се одржи во понеделник, 16.2.2015 година, а во зависност од можностите на претставниците на двете страни, терминот и локацијата да бидат дополнително утврдени.

Истовремено, би сакале и да информираме дека по средбата со УКИМ, во периодот кој следи, средби во ист формат ќе оствариме и со останатите универзитети во земјата.

Министерство за образование и наука
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование