X
 12.02.2015 Образование

Не сме наивни и нема да потклекнеме додека не се исполнат нашите барања!

Собранието го изгласа законот за високо образование само пет дена откако премиерот го вети неговото одложување. Овој закон е главна тема во образованието последните четири месеци. Студентите повеќе не попуштаат.



Вчера беа окупирани Филолошкиот, Филозофскиот, Економскиот и Правниот факултет, а денес ним им се придружија и студентите од техничките факултети. Машинскиот, односно ФЕИТ моментално е полн студенти, но тие не се на предавања. Тие прогласија автономна зона и ја зазедоа зградата.







„Уште од првиот марш, па до денес, се бориме за она што уставно му припаѓа на факултетот, а тоа е неговата автономија!“

„Тука сме да покажеме дека студентите не се само статистичка бројка на универзитетот. Тука сме да покажеме дека студентскиот активизам е жив и се шири како оган! Тука сме да покажеме дека не сме наивни и нема да потклекнеме додека не се исполнат нашите барања! Тука сме да покажеме дека секогаш треба да бидеме вклучени во создавањето на политиките поврзани со високото образование!“

Студентите влегоа во предавалните и ги повикаа сите свои колеги да им се придружат. Официјално, окупацијата на факултетите и бојкотот на наставата е започната!


Факултети.мк во живо од ОКУПАЦИЈАТА
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование