X
 12.02.2015 Образование

Собранието го усвои предлогот законот за одложување на примената на последните измени на Законот за високото образование

Согласно постигнатиот договор од одржаната иницијална средба на ден 6.2.2015 година помеѓу претставниците на Владата на Република Македонија и универзитетскиот Сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, до Собранието на Република Македонија беше доставен предлог законот за одложување на примената на последните измени на Законот за високото образование за една година, односно дел од нив и за две години, како и едногодишно, односно двегодишно одложување на примената на одредбите од Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишно, основно и средно образование.

Предлогот беше усвоен на вчерашната седница на Собранието.

Во меѓувреме, дијалогот на релација Влада – универзитети согласно искажаната волја и конструктивност, а во насока на подобрување на пакетот реформи во високото образование, односно носење на нов закон за високо образование, ќе продолжи преку дискусија на ниво на работни групи, кои ќе ги предложат двете страни.

Во следните неколку денови се очекува официјализирање на работните групи и отпочнување на дебатата во која, Сенатот на УКИМ ќе ги номинира претставниците на академската заедница, професорите и студентите кои ќе учествуваат во целосното заокружување на процесот и реализација на договорот од иницијалната средба.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование