X
 13.02.2015 Образование

Автономна зона во прво лице - Не е најзначајно како ќе се заврши се, колку што е битно што се случува сега...тука

Од студентот

Не е воопшто важно како ќе започнам и не е најзначајно како ќе се заврши се, колку што е битно што се случува сега..тука. Денот е втор ден Слободна зона, локацијата е истата од вчера, Филозофскиот Факултет, лицата кои го славеле полноќ на факултетот имаат видно поголеми црни ќесиња под очите за разлика од оние кои денес се приклучуваат.

Сите се во некакво исчекување, оние кои превземале некоја поголема улога во целата организација мачно и истрпно го носат товарот. Целата атмосфера е чудесно магична, воздухот е исполнет со надевања. Дури и оние кои сега не разбираат што ги држи будни и растрчани на сите страни, ќе го сфатат тоа утре, кога ќе се присетат на моментот, и срцето ќе почне да им бие забрзано. Се креира програма ден за ден, нешто што ќе ја анимира толпата, ќе ја задржи или ќе ја зголеми. Можеби два дена сме изолирани од останатиот свет но веста за реакциите околу јавувањето на студентите во Јади Бурек пристигна и кај нас. Многу луѓе поттикнати од колку авангардно (да не речам кул) сето тоа изгледало сакале да дојдат и да преспијат на факултетот. Други пак, откако утрово ги извадивме од предавањата, кои и покрај се имаше обиди да се одржат, се упатија преку улицата и брзо се пикнаа под најлоните на кафулињата да пијат кафенце. Дали некогаш размислувате зашто сето ова се случува? Дали толку сакате некој да ви ги креира правилата за како да растете, како да учите, како да живеете? Дали потврдно климате со главата кога велат дека ние македонците сме глупав народ, кој срка она што ќе му надробат.

Еден професор вчера остави порака на која пишува ...вие не сте свесни колкави луѓе сте.. Ова не е апел да дојдат да се приклучат повеќе луѓе, ова е надеж дека во вас ќе се разгори нешто што одамна го ставиле во мирување. Секоја чест на донациите, на храната, лековите, ќебињата, четките за заби, пастите, домашните пити и слично, но застанете за момент и запрашајте се зошто не сте тука... Работата, обврките или вашата скапоцена рутина е тоа што ве спречува?! Родители, тука се вашите деца кои се трудат да постигнат нешто што досега не било постигнато, на начин кој не бил никогаш применет! Студенти, сегашни, идни или бивши зарем како наредни или веќе постоечки академски граѓани не успевате да ја видите поголемата слика?! Овој протест покажува дека не е се црно или бело, не сме про или контра владина организација и во ова нешто ќе верувам се додека не ми биде докажано спротивно. Не седете дома и не дозволувајте најважната одлука што ќе ја донесете дента да биде дали да гледате про или контра-владини телевизии. Дојдете да ја дадете својата подршка, дојдете да придонесете само со вашето присуство (замислете!), дојдете и посетете дел од програмата што е припремена. Како што кажаа во документарниот филм чија проекиција ја проследивме во Анфитеатар 3, социјалните мрежи ја шират пораката многу полесно, но борбата не е виртуелна, фронтот е тука, во реалниот свет...
Ова се пишува во еден здив, и не се препишува или корегира...

Оној кој ќе замери на некои граматички грешки, можам само да му се заблагодарам што потрошил 2 минути од животот залудно, а сите останати Добредојдовте!!!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование