X
 13.02.2015 Образование

Извинување од еден професор: Драги студенти...

1 

 

Драги ученици/студенти на 21-от век,


Новото полугодие/семестар веќе започна, а јас се наоѓам себеси принуден да ви се извинам. И покрај сите напори, ние наставниците не успеавме да ги убедиме луѓето кои имаат политичка моќ да го променат образовниот систем. Се чини дека не власта остана глува на нашите барања и залагања.

Жал ми е што вие морате да одите на училиште секое утро толку рано, и покрај тоа што истражувањата покажуваат дека мозокот на тинејџерот не функционира оптимално до 10 часот.

Жал ми е што морате да побарате дозвола да ја напуштите училницата/предавалната за да одите во вц, иако повеќето од вас имаат возачка дозвола и работа, и правите значајни одлуки во врска со вашиот живот.

Жал ми е што сте принудени да седите 7 часа секој ден и покрај тоа што истражувањата откриваат штетни когнитивни и здравствени ефекти доколку човек прекумерно седи.

Жал ми е што во образованието мора да се соочувате со луѓе кои немаат никаква врска со интелектот, зрелоста, вештините и способноста.

Жал ми е што повеќето од вас се борат да се справат со училиштето и што не добиваат никаква поддршка поради тоа што на нашата економска политика не и` е приоритет финансирањето на вашите потреби.

Жал ми е што морате да учите предмети за кои воопшто не сте заинтересирани и од кои нема да имате никаква потреба во текот на вашиот живот, во време кога човековото знаење се удвојува на секои 12 месеци.

Жал ми е што образовниот систем ве натера да верувате во светоста на високите оцени, за кои морате да се натпреварувате, а кои во 90% од случаите не се доказ за вашето знаење или незнаење.

Жал ми е што учите од учебници со застарени информации и со технологија која не е одржувана и е практично застарена.

Жал ми е, навистина.

Посакувам вашата љубопитност да не беше уништена од сообразноста на наставниците. Би сакал да имав волшебно стапче и да создадам училишта во кои ќе имате простор да истражувате, експериментирате и учите на различни начини.

Посакувам да имав моќ повторно да ја разгорам страста за учење. Посакувам да ви помогнев да се сетите дека пред да станете ученици, вие бевте научници кои експериментираа, откриваа, испрашуваа, поврзуваа.

Вие сте родени за да учите. Жал ми е што училиштата ве натераа да верувате дека се важи она учење кое се случува само во училиштата.

Би сакал да ве однесам на други места кадешто образовниот систем е приоритет на политичарите кои веруваат дека карактеристиките на идното општество на нивната земја зависи од карактеристиките на нивниот сегашен образовен систем.

Во времето кога нашите животи зависат од генијалноста која може да ги реши нашите проблеми, ние го губиме потенцијалот на нашите мисли за креативни решенија. Би сакал да и` покажам на нашата „моќна“ влада што вие можете да направите ако имате шанса. Само кога би имале...
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование