X
 15.02.2015 Живот

Што научивме изминатава недела: Писмо до мојата ќерка која ноќева на Филолошкиот факултет

Изминатава недела научивме за храброста на студентите и нивната висока свест кога станува збор за нивната иднина, иднината на образованието и иднината на нашата земја - Окупирам за да ослободам!

 

okupacija

 

Студентски пленум ја започна окупацијата на факултетите
 
Студенти од различни факултети во се помасовна бројка се приклучија во окупацијата која Студентскиот пленум ја започна пред платото на УКИМ.

Горд татко - До мојата ќерка која ноќева на Филолошкиот факултет
 
Една од најважните работи кја младите луѓе, кај децата, ќерки и синови, е да ја имаат поддршката од своите родители. Овој родител го прави тоа на вистински начин. Секоја чест!

Ексклузивно интервју со Студентски пленум директно од Филолошки факултет
 
На окупацијата се дружиме и разговараме за образованието и она што не' мачи. Јас разговарав со Студентски пленум.

"Факултети" на окупација. Следете ја ситуацијата на Твитер
 
И ние сме тука! Ќе сликаме, ќе разговараме, ќе поддржуваме! Најавени се активности за подоцна, а студентите доаѓаат со работи за спиење.

Студентската окупација низ фотографии
 
Додека вие седевте дома гледајќи телевизија или трошејќи време на „Фејсбук“, студентите се бореа за нивната и вашата иднина!

Студентите од техничките факултети без парно

 
Денес на техничките факултети помирно. Има храна, кафе и пијалоци, иако има малку кашкавал и малку пластичен прибор за јадење. Најголем проблем претставува парното. Го нема!

Што е Автономна зона?
 
Што е Автономна зона? Ако не знаете, студентите на креативен и едноставен начин го објаснуваат значењето на Автономна зона.

Како тече вториот ден од автономната зона на техничките факултети?
 

Откако во средата студентите го окупираа Филолошиот/Филозофскиот факултет и ги поканија студентите од околните факултети да им се придружат, вчера автономна зона беше прогласена и од страна на нивните колеги-технолози.

Минува третиот ден од автономната зона на Филолошкиот факултет

Веќе три дена јадат, седат, творат, спијат на Филолошкиот, односно Филозофскиот факултет при УКИМ. Во текот на овие дни на студентите им се придружија средношколци, професори и граѓани. Поддршката е тука од страна на речиси сите професори на факултетите кои се окупирани. Студентите не се откажуваат.

Автономна зона во прво лице - Не е најзначајно како ќе се заврши се, колку што е битно што се случува сега...тука

 

Од студентот

Не е воопшто важно како ќе започнам и не е најзначајно како ќе се заврши се, колку што е битно што се случува сега..тука. Денот е втор ден Слободна зона, локацијата е истата од вчера, Филозофскиот Факултет, лицата кои го славеле полноќ на факултетот имаат видно поголеми црни ќесиња под очите за разлика од оние кои денес се приклучуваат.

Мрачниот свет позади карневалот во Рио
 
Карневалот во Рио де Жанеиро започнува во петок, на 13 февруари. Во текот на минатонеделната генерална проба, можеше да се види нешто прилично несекојдневно. Во морето шарени бои, некои од учесниците на карневалот имаа црни траки околу раката. Зошто тие носеа таква трака?

Страшни суштества кои не знаевте дека пливаат на Земјата

Можеби треба да престанеме да бараме вонземјани и да започнеме да ги истражуваме повеќе овие суштества присутни на Земјата. Тие дефинитивно изгледаат вонземски.

Психолошки причини зошто некој ве привлекува

Очигледно, истражувањата може да откријат зошто привлекувате некого и зошто некој ве привлекува. Се' е до психологијата.

Не сме наивни и нема да потклекнеме додека не се исполнат нашите барања!

 
Собранието го изгласа законот за високо образование само пет дена откако премиерот го вети неговото одложување. Овој закон е главна тема во образованието последните четири месеци. Студентите повеќе не попуштаат.

Зошто образовниот систем во Јужна Кореја е подобар од нашиот?
 
Можеби ќе ве изненади фактот што Јужна Кореја заедно со Финска се наоѓа на врвот на листата на земји чиишто ученици имаат најдобри резултати на тестирањата.  

Зошто е прекрасно да се има помала сестра?

Сестрите се благослов, без разлика колку доцна во животот луѓето сфаќаат. Сите можат да се согласат дека, ништо не може да ја уништи врската меѓу сестрите.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот