X
 17.02.2015 Образование

Како помина седмиот ден на автономните зони?

Официјално ја прославивме првата недела од почетокот на окупацијата на факултетите на универзитетскиот кампус. Автономна зона беше прогласена и на техничките факултети веќе наредниот ден. Денес на студентите им се придружија и колегите од УКЛО, Битола. Тука е и поддршката од УГД, Штип.


Во текот на денешниот ден на факултетите беа одржани алтернативни предавања од областа на образованието, се гледаа филмови и се свиреше музика. Истовремено, студентите го минуваат времето творејќи, па добивме многу нови уметнички ремек-дела кои сега ги красат факултетите.

Во текот на денот, бојкот на настава се случи на Педагошка академија, Факултет за ликовна уметност, Шумарски факултет, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Природно математички факултет, Земјоделски факултет и Архитектонски факултет. На Факултетот за драмски уметности, по иницијатива на студентите, уште од почетокот на прогласување на Автономната зона на ФЗФ/ФЛФ, во знак на поддршка не се реализира настава.

На Правен факултет веќе два дена, се случуваат предавања како дел од алтернативниот курикулум кој го организираат студентите од Правен факултет.

Еве како помина денот низ фотографии.

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование