X
 18.02.2015 Образование

МОН попушти... Утре ќе се одржи средба со студентите на академско тло



Откако првично најавената средба беше откажана поради заедничката седница на владите на Македонија и Србија, закажана е нова средба со која официјално треба да почнат разговорите за нов закон за високо образование. Средбата ќе се реализира утре (четврток) во ректоратот на УКИМ.

На неа треба да се сретнат работните групи со претставници од УКИМ, МОН, професорскиот и студентскиот пленум од кои се очекуваат предлози за креирање на ново законско решение.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование