X
 20.02.2015 Технологија

Како од мобилниот телефон да ги блокирате поканите за игри на Фејсбук?

фб 

 

Уморни сте и смачено ви е од постојаните нотификации за игри на Фејсбук коишто се случуваат десет пати на ден и тоа од луѓе кои едвај ги познавате?


Доколку одговорот е да, ви нудиме конечно решение за нив.

1. Одете на Фејсбук.

2. Притиснете „More“ во десниот агол на апликацијата.

3. Одете „Settings“.

4. Под „How you get notifications“, притиснете „Mobile Push“.

5. Притиснете „Uncheck“ на опцијата која вели „Application Requests“ и „Application Invites“.

 

1


Доколку сакате да се ослободите од другите видови на нотификации, тогаш вратете се на чекор 5 во погорните инструкции. Од таму, одете „On Facebook“ или „Email“ наместо „Mobile Push“ за да забраните одредени нотификации кои ви стигаат на Фејсбук кога се логирате од компјутер.

Ако сакате да ги исклучите индивидуалните апликации кои ви се прикажуваат во нотификациите, решението е брзо и едноставно - вратете се на нотификацијата и притиснете x. 

 

2

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија