X
 22.02.2015 Наука

Колку паметни треба да бидете за да успеете?

Дали Пикасо и Моцарт имале суперчовечна интелигенција и затоа ги создале своите ремек-дела? Дали најбогатите се најинтелигентните луѓе? Ова се прашања на кои одговор бараме сите. Честопати мислиме дека причината поради која не сме успешни е бидејќи не сме родени со вистинскиот талент. Можеби ова е точно. Но, можеби има и друга нераскажана страна од приказната.


Во 1921 година Луис Терман, психолог од универзитетот „Стенфорд“ работел на истражување како никое дотогаш. Тој ги пронашол 1.000-те најпаметни ученици во Калифорнија според нивните резултати од тестовите за интелигенција.

Терман и неговиот тим ги тестирале децата на секаков начин. Тој ги тестирал децата повеќе години, од 1928 до својата смрт во 1956 година. Потоа, неговите колеги продолжиле да ги следат децата до 1986 година. Истражувачите откриле нешто интересно.

Иако многумина сметаат дека интелигенцијата е еднаква на генијалноста, заклучокот од истражувањето на Терман вели дека високиот коефициент на интелигенција не значи голема креативност.

Се создала теорија која вели дека над одредено ниво, интелигенцијата не влијае на креативноста. Повеќето креативни луѓе се паметни, но тоа не е секогаш така. Коефициент на интелигенција од 120 е сосема доволно за да се биде креативен генијалец.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука