X
 24.02.2015 Технологија

Осум апликации кои им заштедуваат пари на студентите

Досега, секој што поседува смартфон знае како да користи апликации. Постојат неколку различни апликации кои може да им помогнат на студентите, па и на тинејџерите, да заштедат пари на повеќе начини. Повеќето од апликациите се бесплатни и компатибилни за сите типови на смартфони. Некои дури можат да се користат и на таблет или компјутер.


Mint:

Минт е една од најпопуларните апликации за пари и финансии која е достапна на Андроид и iOS платформи. Kористењето на оваа апликација ви дава добра основа за справување со финансии во текот на целиот живот. Оваа апликација ви помага шематски да ги поврзете вашите трошоци, сметки и плаќања преку тоа што создава графикони и табели. Откако ќе ги внесете вашите податоци, таа е персонализирана и ви овозможува да ги видите своите финансии едноставно и во графиконска форма.

Chegg:

Chegg е апликација која ви овозможува да ја најдете најниската цена на нови и веќе користени книги во традиционален и електронски формат. Потоа може да одлучите да ги купите или изнајмите книгите кои ги сакате. Доколку купите книги, можете да ја искористите апликацијата за да ги продадете повторно, откога ќе завршите со нив.

SmartyPig:

SmartyPig е апликација за штедење. Таа ви помага да заштедите за некоја посебна цел, како на пример некоја голема нарачка, специјален настан и слично, или едноставно да акумулирате заштеди на вашата сметка. Помага да ја достигнете посакуваната сума на заштеди побрзо со тоа што додава 1% камата на вашиот влог.

WhatsApp:

Иако не е специфична апликација за штедење на пари, гледано на долг рок, оваа апликација може да ви заштеди значителна сума на пари, бидејќи овозможува бесплатно испраќање на интернационални пораки. Ова е особено поволно за студенти кои студираат надвор од земјата или се на семестарен престој во странство. Преку бесплатно пораки, повици, слики и гласовни пораки им овозможува на корисниците да останат во контакт со семејството и пријателите.

BillGuard:

BillGuard е 100% бесплатна апликација која штити од кредитни и измамнички активности. Студентите се веќе на возраст кога можат да користат кредитни картички, и поради тоа, добро е да научат како да се заштитат од измами и да го следат своето трошење. Лесно се случува трошењето на пари преку кредитна картичка да излезе од контрола. Користењето на алатка како оваа апликација, овозможува да се постави одредена контрола врз тоа.

GasBuddy

Gas Buddy е апликација за iPhone која покажува каде се наоѓаат бензинските пумпи, со најповолна цена, а кои се во ваша близина. Оваа апликација е корисна и за секој што е возач, без оглед на возраста. 

Coupon Sherpa  

Coupon Sherpa е мобилна апликација која им овозможува на студентите да најдат купони за попусти, кога истите им се потребни.

Saved Plus

Saved Plus е бесплатна апликација за iOS и Андроид која автоматски штеди пари, врз основа на вашето трошење. Кога плаќате нешто, одреден процент од секое плаќање ќе биде пратен на вашата штедна сметка. Како додаток, оваа апликација ви овозможува да си поставите и цели на штедење.

Online Cultus

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија