X
 25.02.2015 Култура

Веселото уметничко гратче во Боливија


Доколку некогаш одите во Ел Алто, Боливија, прошетајте по улиците и чекајте да наидете на некоја интересна разнобојна зграда. Таа сигурно е инспирирана од новиот боливиски архитектонски стил, кој започна по изборот на претседателот Ево Моралес Ајма во 2006 година, кога националната гордост станала побитна од кога било претходно.

Архитектот кој го започнал стилот е Фреди Мамани Силвестре. Во градот има повеќе од 60 згради дизајнирани од Силвестре. Тој дефинитивно се наоѓа помеѓу архитектите кои го промениле целосниот изглед на одреден град.


Во повеќето од овие разнобојни домови живее само едно семејство, иако тие имаат најмалку 5 катови. На првите два ката се наоѓа салон наменет за продавници или работилници, на следните два катови има станови за издавање, а сопственикот живее на врвот.

Просечната цена на овие домови изнесува од 300.000 до 600.000 долари.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура