X
 01.03.2015 Забава

Месечен хороскоп за март 2015 година

Што зодијакот ви нуди за овој месец?

 

хороскоп


Овен

Работа - Ако за некој месец не можеме да кажеме ништо лошо што се однесува на професионално поле, тогаш тоа е овој месец. Што и да се обидете, колку и да се трудите, овој месец не е поволен за голем успех. Не дека ќе има многу лоши професионални потези, но нема да има ниту добри. Најнеповолниот период е вториот дел од март, такашто гледајте да не донесувате никакви важни одлуки.

Љубов - Ви претстојат убави 30 денови, прекрасен период за љубов, обострано разбирање и прекрасно сложување. Мажите Овнови би требало да ја израдуваат својата понежна половина со некое романтично излегување и прошетка. За оние слободните Овнови овој месец би можел да биде одличен, па дури и незаборавен. Но, обрнете внимание со кој сте во контакт, без разлика на тоа дали станува збор професионално, преку интернет или во живо.

Здравје - Март е магнет за вируси, па затоа вооружајте се со природни лекови - сокови, чаеви, овошје, зеленчук.

Бик

Работа - Мирен период за сите оние Бикови кои минатиот месец имале некакви бурни случувања, расправии со колегите и директорите, или кои се нашле во недоразбирање за своите идеи и предлози, кои биле жртви на љубомора. Ова ќе биде добар период да се опуштите на работа, да не размислувате за работите за кои нема место и да се сконцентрирате само на она од коешто живеете. Што се однесува до финансиите, со нив ќе стоите стандардно како и досега.

Љубов - Ова би можело да биде бурен месец. Неколку пати ќе се најдете во комплицирани ситуации кои нема да можете лесно да ги решите. За се` е виновна Венера која овој месец ќе има негативно влијание врз вас. Ќе морате да донесете неколку комплицирани одлуки, кои ќе се однесуваат за вашата врска, а и за вас самите. За слободните Бикови, ова не е баш најдобар месец. И врз вас Венера ќе влијае доста негативно, такашто овој месец работите нема да ви одат од рака.

Здравје - Што се однесува до здравјето нема да имате никакви проблеми.

Близнаци

Работа - Не сте баш во најдобро издание, доста сте отсутни и нешто ви ја пореметува концентрацијата, а не сте сигурни што конкретно. Проверете кај најблиските соработници каква клима владее, бидејќи можно е да ве вмешале во некои работи кои и не се баш легални. Работите кои можете да ги работите „од страна“ гледајте да ги правите легално бидејќи можна е проверка.

Љубов - Љубовта ви иде од рака, првенствено поради саканата личност која е толку упорна врската да ви успее; да ја нема неа не би имале некој покрај вас. Токму оваа личност ве разгали, такашто кога би ве прашале дали сте заљубени, не би го знаеле одговорот, бидејќи би ви требало време да одговорите. За оние кои се осамени претстојува период во кој ќе лутаат по барови, ќе се дружат, меѓутоа никако нема да ја најдат сродната душа.

Здравје - Нема енергија, ги запоставивте здравите навики, јадете што ќе стигните.

Рак

Работа - Март е месец кога ќе се случат големи промени, а вие ќе добиете поголеми обврски. Колективот е прилично демотивирачки, такашто промените секако се добредојдени. На почетокот можеби работите ќе изгледаат малку потешко, но со текот на времето ќе се навикнете. Во секој случај, ќе биде подобро. Финансиите моментално се замрзнати, не трошете многу и насочете се само кон основните трошоци.

Љубов
- Романтичар како вас сака да има некој покрај себе, дури и по цена врската да не е баш најдобра. Вашата потреба за блискост се чини најсилна токму во текот на овој месец. Вие никогаш работите не ги гледате површно. На се` се предавате безрезервно. Надежта е вашиот водич. Моментално вашата врска изгледа малку напната, но ќе биде подобро. За слободните Ракови, работите се подобруваат.

Здравје -
Како што знаеме март има „триста умови“ такашто времето кај вас ќе предизвика депресија која ќе ви ја исцрпи енергијата.

Лав

Работа - Овој март е доста поволен месец за финансии, а на ваша страна страна се повеќето ваши колеги, така што ќе бидете доста популарно меѓу нив. Искористете го ова за да презентирате некои идеи кои ви се мотаат низ глава. Секако бидете отворени и добронамерни во критиките. Доколку работите во полето на трговијата, март ви донесува одлична заработка.

Љубов - Вашата доминантна личност сака потчинетост, но исто така копнее по некоја личност рамна на вас. Иако ова би била убиствена комбинација, би било добро некогаш да ја доживеете. Моментално сте во питома врска, се` е слатко и се` оди како подмачкано и секако, што е најважно, вие сте среќни. Но, знаете дека нешто недостасува, а за тоа вие воопшто не сте виновни. Едноставно потребно ви е нешто друго. Не подобро, бидејќи личноста со која сте моментално е скоро совршена, туку едноставно друг тип на личност. За оние слободните, ве очекува напорен период на влечкање, нејасни сигнали, осамени денови итн.

Здравје - Не сте баш во најдобра форма. Се жалите на болки во долниот дел на грбот.

Девица


Работа - Доколку сте зависни од купување, овој месец би било најдобро да се дистанцирате од оваа навика бидејќи месецот и не ветува нешто најдобро. Планетите се поставени на таков начин што сакаат да ве научат лекција вразумување и скромност. Нема да има покачување на платата ниту било каква друга добивка. Ќе владее затишје на финансиски план. Дури другиот месец ќе ви се посреќи со парите.

Љубов - Суетни сте и непријатни, а вашата сакана личност започнува да го губи трпението со вас. Вашето незадоволство е длабоко во вас, затоа што тајно сте заљубени во блиска личност, а може да станува збор и за далечна роднина. Нешто не ви одговара, и како да чекате да се појави некој во вашиот живот, па затоа сте насочени кон интернет разговори.

Здравје - Ве мачат главоболки поради времето и осцилациите во температурата.

Вага

Работа
- На Вагите им се насмевнува Овенот во текот на целиот март, како и Венера. Ако сте на некоја раководителска позиција, ова би можело да претставува потпишување на некој нов договор или почеток на некоја нова соработка, работа на нов проект. Ако сте обичен работник, ова значи добар, мирен и стабилен месец. Искористете ги сите можности, дури и оние за кои мислите дека не се многу интересни.

Љубов - Ако сте планирале во текот на оваа година некои важни чекори во врската, како на пример свадба или проширување на семејството, и ако досега не сте го направиле планот, сега е вистинскиот момент за ова. паровите кои се`уште не се во брак, а подолго време се заедно, овој месец треба да ја испланираат иднината и да ги направат првите чекори во љубовната иднина.

Здравје - Ако бевте депресивни на почетокот на годината, кон крајот на месецот ве очекува добар период.

Шкорпија

Работа - Занимавањето со одредено хоби би можело да ве опушти, да ви даде енергија за нова работна победа и сила за истражување. Потребно е малку повеќе да се потрудите за да стигнете до она што го сакате и да успеете во животот онака како што сакате. Сатурн се наоѓа во вашата куќа па ова треба да го искористите и со цела сила да тргнете до вашата цел. Ако ви должи некој пари, малку повеќе потрудете се да ги извлечете.

Љубов - Ако сте во подолга врска или брак, ќе почувствувате дека овој месец партнерот е многу понежен со вас отколку претходно, па само можеме да ви честитаме и да ви посакаме љубовната идила да продолжи и понатаму. Секако, немојте да го оставите партнерот без наградата за ова негово однесување. Оние кои се во кратка врска треба да работат на квалитетот на врската, а оние кои се слободни, кај нив постои голема шанса да се јават чувства кон личност која ја познавате подолго време.

Здравје - Наместо приказна за здравјето, најдобро би било да ви препорачаме да јадете здрава храна. Благото и лебот обидете се да ги заобиколите овој месец.

Стрелец

Работа - Пристигнува март, месецот кој би можел да доведе до толку очекувани простувања на професионален план. Ве очекува помала напнатост, нервирање, тешки зборови или мисли кои сте ги имале во текот на претходниот период. Овој месец е идеален да се одморите и да ги наполните батериите и енергијата за следниот период, а во овој период ќе ја потрошите целата собрана енергија за професионална победа.

Љубов - Бурен период на почетокот на месецот може да го искомплицира односот со партнерот, а сето тоа може да биде во врска со некоја трета личност или некое случување кое не е директно поврзано со вашата врска. Некои тешки зборови кои вие или вашиот партнер може да ги каже, би можеле да прераснат во бура, несогласувања и расправии.

Здравје
- Оние кои во претходниот период имале лоши резултати од крвната слика мораат да направат уште една контрола.

Јарец

Работа
- Овој месец мора да поработите на квалитетот на вашите комуникативни способности, квалитетот на изразување на она што го мислите или би сакале да го направите. Ако имате чувство дека никој не ве разбира што сакате да направите, овој месец мора да се извлечете со последниот атом на сила и да побарате друга работа. Кон средината или крајот на месецот можно е да направите некои грешки на работа.

Љубов - Првата половина на месецот ќе биде многу побурна од втората, што е можеби подобро; затоа убаво испразнете се во првите 10-15 денови, па потоа ќе бидете посмирени. Можно е да се појават некои недоразбирања, и некои нерасчистени работи од минатото дури сега да испливаат на површина. Сега е вистинско време сите несогласувања кои подолг период сте ги имале со партнерот да ги разјасните.

Здравје - Морате да се борите против секој вид на стрес што го чувствувате.

Водолија

Работа - Во текот на март Нептун и Сатурн би требало да обрнат внимание за вашата финансиска сигурност, такашто овој месец би можеле малку да здивнете. Проблемите кои сте ги имале на работа, првенствено недоразбирањата од страна на колегите и надредените, лошите меѓународни односи, би требало овој месец да се стабилизираат. Ова е одличен период за склопување на договори, учење и разговори со бизнис партнери.

Љубов - Во текот на месецот, поточно во првата половина на месецот, Сатурн од позиција на вашата љубов ќе ви испрати еден испит. А вие секако, ќе го положите испитот доколку грижите за вашиот партнер, односно за вашиот однос. Во секој случај, овој месец ви советуваме малку да одморите, да попуштите кога ќе видите дека не можете да издејствувате и да го оставите партнерот да донеси некои одлуки.

Здравје - Внимавајте од вируси и сезонски болести.

Риби

Работа -
Имате големи шанси овој месец да поминете одлично кога станува збор за работата и финансиите. Некои прекрасни и незаборавни случувања би можеле да го обележат овој месец, особено оние кои имаат свој приватен бизнис, кои ќе можат своите услуги да ги подигнат на некое повисоко ниво. Ако ја немате оваа среќа, тогаш имате шанси да напредувате и да се прикажете во вистинско светло.

Љубов - Заљубените Риби овој месец можат да се опуштат, да уживаат во својата љубов и да ги исфрлат непотребните сомнежи од главата. Можно е во вашата врска да има некои ситни промени, меѓутоа не се некои важни. За оние кои се во врска, ова и не е баш најдобар период за пронаоѓање на сродна душа.

Здравје - Одлична здравствена слика.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава