X
 01.03.2015 Технологија

Што треба да земете во предвид кога купувате паметен телефон со пониска цена?

Повеќе не треба да трошите многу пари кога купувате паметен телефон. Секако, мобилните компании нудат одличен избор за прифатлива сума на пари. Меѓутоа, кога купувате паметен телефон потребно е да земите неколку работи во предвид.

 

паметен


1. Очекувања

Поголемиот дел од купувачите мислат дека поевтините паметни телефони имаат доста слични перформанси со поскапите. Меѓутоа, треба да земете во предвид дека плаќате пониска сума на пари, а со тоа се намалуваат и перформансите на телефонот.

2. Функции

Производителите на поевтините паметни телефони намалуваат одредени функции за да ги намалат и трошоците околу телефонот. Така на пример, еден паметен телефон може да има 4GB внатрешна меморија од кои добивате само 2GB за ваша употреба. Можеби големиот екран звучи како добра идеја, меѓутоа тоа може да значи ниска резолуција. Исто така, телефонот може да ги нема најсовремените опции за поврзувања како Wi-Fi, Bluetooth итн.

3. Хардвер

Треба да ги проверите хардверските спецификации кога купувате паметен телефон. Треба да го проверите процесорот, RAM-от и достапноста за складирање на податоците. Исто така, потребен е детален преглед на некои други карактеристики како што се големина на екранот, резолуција, поврзување и батерија.

4. Софтверски интерфејс

Постои широка достапност на Android, Windows телефони и стари Blackberry паметни телефони. Мора да ги проверите OS верзиите пред да го изберете телефонот затоа што тие не секогаш одат со софтверско ажурирање и надградба.

5. Поддршка

Повеќето паметни телефони имаат гаранција која трае една година. Некои од нив дури имаат и продолжена гаранција. Но, секако дека гаранцијата нема да ви биде од корист доколку немате сервисен центар во непосредна близина. Исто така, некои сервисни центри имаат недостаток на достапност на резервни делови.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија