X
 02.03.2015 Култура

Ќе се снимаат филмови за раскази од Џорџ Р.Р. Мартин

Фанови на „Game of thrones“, подгответе се. Пристигнуваат филмски верзии од раскази на Џорџ Р.Р. Мартин.


Џорџ Р. Р. Мартин е авторот на „A song of fire and ice“, книгата според која е снимена серијата „Game of thrones“. Но, тоа секако не е единствената негова книга. Тој има напишано многу раскази.

Сценаристот и режисер Константин Вернер планира екранизација на збирката од Мартин „In the lost lands“. Би се работело за германо-канадска продукција, а снимањето би требало да започне на крајот на годината во Германија.

Вернер успеал да ги добие „Пиксомондо“ да работат на специјалните ефекти.

Збирката за која се зборува се состои од три раскази објавени на почетокот на 1980-те години.

За еден од ликовите се преговара со Мила Јовович.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура