X
 04.03.2015 Живот

Временска прогноза: Денес сонце, од утре пад на температурите



Во Македонија во среда во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и релативно топло. Во доцните попладневни часови зголемување на облачноста која што кон крајот на денот и во текот на ноќта среда кон четврток ќе услови врнежи од дожд.

Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури ќе се спуштат до -4 односно до 4 степени, а максималните дневни од 7 до 16 степени.

Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб ветер. Утринската температура од 2 степени, а максималната дневна температура до 13 степени.

Во четврток во Македонија ќе биде облачно со поинтензивни врнежи од дожд. Локално се очекуваат да наврнат и до 30 литри дожд. На планините со врнежи од снег. Минимални температури од 1 до 9 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 4 односно до 13 степени.

Облачно но со слаби врнежи од дожд ќе имаме во петок. Врнежите од снег ќе се спуштат и во некои повисоки градови кои се над 500 метри надморска висина. Но да напоменеме дека се работи за слаби врнежи. Минимална температура од -1 до 7 степени, а максималната дневна ќе достигне до 3 односно до 12 степени.

Во сабота претежно облачно и суво без врнежи со утрински температури од -3 до 5 степени. Максималните температрури ќе достигнат до 1 односно до 10 степени.

Во недела не очекува студено утро со утрински температури од -5 до 3 степени. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Максималните температури ќе достигнат до 2 односно до 11 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот