X
 09.03.2015 Живот

Какво време не' очекува на стартот од оваа недела?

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со услови за повремени сончеви периоди. Во доцните попладневни часови во југоисточните и источните предели со услови за слаби локални врнежи од дожд, додека во повисоките предели и во североисточните предели со провејување на снег.

Во вечерните часови и во текот на ноќта услови за слаби локални врнежи од дожд и снег ќе има на целата територија. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во источните и западните предели ќе дува умерен североисточен и источен ветер.

Утринските температури од -5 до 4 степени, а дневните температури ќе достигнат до 1 односно до 10 степени.

Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно со услови за повремени сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 1 степен, а дневната до 7 степени.

Вториот работен ден во раните утрински часови со услови за слаби врнежи од дожд и снег на планините. Во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди. Минималните температури од -4 до 5 степени, а максималните ќе се движат од 2 до 11 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот