X
 09.03.2015 Образование

Рекација од Средношколскиот Пленум: Негативната кампања против Пленумот не ги прикрива лошите закони во образованието

Лошите закони не може да се прикријат со негативната кампања насочена кон оние кои се борат за поквалитетно образование.

 



Средношколскиот Пленум најостро ги осудува овие најниски начини да се девалвира работата и активностите на поединци во Пленумот. Негативната кампања нема да ја сокрие вистинската слика за образованието во Македонија, таа само ја потврдува платформата на Пленумот која гласно говори за лошите реформи во образованието.



 

Оваа оркестрирана акција врз членови на Пленумот го покажува дното кои може да го дофатат само оние кои бранејќи го својот интерес посегнале по туѓиот интегритет.

 

Впрочем, вложеното во кампањата против Пленумот, за принтање на флаери низ Македонија, покорисно би можело да се искористи во некоја хуманитарна акција во знак на поддршка на оние на кои им е потребно, наместо на оцрнување на борците за подобро образование.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование