X
 11.03.2015 Живот

Времето денес и какво време не очекува утре?



Во утринските часови се очекува локално да има појава на магла. Исто така во утринските и претпладневните часови услови за локални врнежи од дожд ќе има во северните и северозападните предели.

Врнежите ќе се преселат и во западните и југозападните предели каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд во текот на целииот ден, а на ридско-планиниските предели и на планините со врнежи од снег.

Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер.

Утринските температури од -1°C до 6°C, а максималните дневни ќе достигнат до 2°C односно до 11°C.

Во Скопје во утринските и претпладневните часови нестабилно со слаби врнежи од дожд. Попладне ќе биде претежно облачно. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 3°C, а дневната до 8°C.

Во четврток ќе биде претежно облачно со услови за сончеви периоди, но во северозападните, западните и југозападните предели со услови за слаби врнежи од дожд. На планините со врнежи од снег. Минималните температури од -2°C до 6°C, а максималните дневни до 2°C односно до 11°C.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот